Приведени тројца по пукањето во полицаецот во Велес
Објавено во: Македонија 02 Февруари, 2020
Тројца од четворицата напаѓачи се приведени по пукањето во полицаецот денеска во Велес, кој им се спротивстави во крадењето на чанти кај црквата „Св.Спас“ во Велес.
Сепак четвртиот налаѓач, кој му го одзеде пиштолот на 46-годишниот полициски службеник М.Е. и со истиот во него испука пет куршуми, и натаму е во бегство и недостапен за македонската полиција.
Застреланиот полицаец во моментов е на Клиниката за дигестивна хирургија во Скопје и засега се наоѓа во стабилна состојба.