29 Април, 2024
0.1658

ПРИВАТНИТЕ ПОШТЕНСКИ КОМПАНИИ ЈА САРДИСАА ПОШТА: Како одработеа тие, а како државната под палка на Макрадули?

Објавено во: Економија 21 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Додека државната пошта трупа загуби, компаниите кои вршат поштенски услуги на слободниот пазар го „собраа“ ќарот. Поштата на Северна Македонија која прикажа минус од работењето во 2020 година од над 1,5 милиони евра, деновиве беше актуелна повторно откако група вработени поддржани од двата синдикати одлучија да протестираат за заостанатите плати. Менаџментот на чело со Јани Макрадули веднаш потоа ги исплати, но останаа бројките од годишните извешати кои сведочат за лошата кондиција на Пошта. Анализата за приходите на останатите компании на слободниот поштенски пазар покажуваат дека нивната работа значително се зголемува, на сметка на тоа кривата на приходите на пошта е во постојан пад.

Имено според податоците од Агенцијата за пошта, ако лани државната компанија која е во целосна сопственост на Владата, има вкупни приходи 1.163.843.468 денари или 18,9 милиони евра, останатите компании оствариле таа година приходи во вредност од 1.099.561.424 денари односно 17,9 милиони евра. 


Ова значи дека сите тие успеале да одработат речиси исто колку и пошта која има далеку повеќе вработени од сите приватни даватели на поштенски услуги. Вкупниот приход кај сите даватели на поштенски услуги во 2020 година во однос на 2019 година е зголемен за околу 11 отсто.


Анализа на работењето на овој сегмент покажува дека во 2020 година во АД Пoшта на Северна Македонија се вработени вкупно 2.275 лица, додека во сите останати поштенски компании вкупно 1.183 лица.


„Во Пошта на Северна Македонија вработени се околу 65,8 отсто од вкупниот број на вработени лица во овој сектор. Давателите на поштенски услуги на слободниот пазар имаат континуиран раст на бројот на вработени, стои во извештајот на Агенцијата за пошти.

„Поразот“ на Пошта се гледа и во обемот на извршени поштенски услуги кој во 2020 година изнесувал 41,685,025 милиони поштенски пратки и покажува зголемување од 1,4 отсто во споредба со 2019. Растот се должи на паднемијата и трендот на зголемено нарачување преку интернет, но овој раст целосно го билдаат приватните компании. Кај државната пошта има намалувањена обемот на поштенски услуги во последните неколку години. 


За тоа не и помогнаа и некои ексклузивни права. Имено во 2020 година Пошта на Северна Македонија имаше ексклузивно право да обезбедува пратки за кореспонденција во внатрешниот поштенски сообраќај и пратки за кореспонденција кои пристигнуваат во државата од меѓународен поштенски сообраќај, со тежина до 50 грама. Во резервирани поштенски услуга спаѓа и директната пошта во рамките на истото ограничување за тежина. Од годинава сепак е укинато ексклузивното право, односно монополот за обезбедување на овие услуги и е воведена целосна либерализација на поштенскиот пазар за сите даватели на поштенски услуги.


Инаку од 2008 година до 2020 година, Агенцијата за пошти има издадено вкупно 75 лиценци за обезбедување на поштенски услуги, а до крајот на 2020 година пазарот работеле 47 даватели на поштенски услуги. Одредени даватели го имаат самоиницијативно напуштено пазарот, додека одредени даватели останале без лиценци по постапување на Агенцијата за пошти. Неколку се истакнуваат и по оставрени приходи но и по таканаречени точки за пристап и број на возила. Меѓу нив ДелЦо, Еко логистик, Карго експрес и ДХЛ.

Инаку Фактор веќе пишуваше дека државната Пошта која лани го избриша префиксот „Македонски“ од своето име, не ја смени деловната политика.

Извештајот на независните ревизори покажа дека Поштата лани завршила со загуба во работењето од 1,5 милиони евра и тоа во услови во кои Владата заради корона кризата и одобрила субвенции во износ од речиси 2 милиони евра.

Трошок за вработени е 14,8 милиони евра или 13 отсто повеќе од 2019 година. Од сите приходи на „Пошта„ лани дури 90 отсто биле потребни за да покријат трошоците за 2.267 вработени лица од кои нови вработени лани се 174 лица.

Податоците на независната ревизија покажуваат дека лани „Пошта“ изгубила безмалку еден милион евра приходи од поштенско работење! Лани тие приходи изнесуваат 14,1 милиони евра, а во 2019 биле 15,09 милиони евра. И целото намалување е од кор услугата писмоносни услуги основната дејност на компанијата. Компанијата ја погоди и пропаста на „Еуростанард“ банка затоа што приходите од платниот промет од банки и се намали за речиси 700.000 евра.

Првиот човек на компанијата Макрадули, по прoтестот изјави дека вработените не треба да се грижат за своите работни места и за финансиската состојба на компанијата. Рече дека исплатил плата за сите 2.400 вработени во законски утврдениот рок.

Рече дека во првите шест месеци од годинава зголемени се и приходите од поштенски услуги. Во однос на платниот промет кој бил отежнат односно не постоеше поради стечајот на „Еуростандард банка“, сега, како што рече, се заживува со „Халк бакна“, но дека  сè уште се бележат загуби во споредба со минатата година. Макрадули најави дека со синдикатите ќе разговара и за зголемување на платите на вработените по најавата за зголемување на минималната плата на 18 000 денари од 1 јануари 2022 година.

Александра Томиќ


Можеби ќе ве интересира

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа