02 Мај, 2024
0.0253

Притвор за деветмина вработени во Пошта – како беше ограбен објектот во Чаир?

Објавено во: Мои пари 18 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Деветмина вработени во „Македонска Пошта“ заработија 30 дневен притвор. За нив има основано сомнение дека со своето несовесно постапување помогнале двете, засега сеуште непознати вооружени лица, пред еден месец да ја ограбат поштата во Чаир. На 26 јули, крадците влегле преку  необезбедена и незаклучена врата од службен влез, од каде што украдоа над 200 илјади евра. Вработените во пошта сега се сомничат дека овозможиле неконтролирано влегување и излегување од службената врата, поради што им е изречена мерка притвор од 30 дена. Како што информираа од МВР, притвор добија управникот на поштата во Чаир, двајца контролори, главниот благајник и двајца соработници за безбедност, потоа шефот на обезбедувањето, двајца поштари и еден раководител на службата за внатрешна контрола. На двајца од нив Основниот суд Скопје 1 мерката им ја изрече во отсуство бидејќи се недостапни за полицијата. Според „Утрински весник“, станува збор за сопруга и ќерка на поранешни функционери на ДУИ, а притворот ќе се активира кога двете осомничени ќе бидат пронајдени. „Две непознати маскирани лица, во пошта Чаир влегувајќи преку необезбедена и незаклучена безбедносна решетка и врата од службениот влез, влегле во ходникот пред втората заштитна решетка која исто така не била заклучена, потоа во просторијата на благајната, каде исто така имало безбедносна решетка и врата кои не биле заклучени и затворени, согласно безбедносните прописи и правила. Со закана со пиштоли врз четвртиот пријавен И.А.(40) и поштарот А.С.(44)   од Скопје,  земале две  вреќи со парични средства од Буџетот на Македонија за исплата на корисници по основ на родителски додаток, посебен додаток и додаток за новороденчиња“, појасни изјави Марија Јаковлевска, портпарол на МВР.

Можеби ќе ве интересира

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година