02 Мај, 2024
0.0253

Прилепчани сакаат Велоград: Стотина граѓани на педали во Прилеп

Објавено во: Мои пари 28 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

По исклучително успешната активност за чистење и разубавување во Ченто во саботата, оваа недела активно мрдаа со прст и Прилепчани во насока на промоција и унапредување на здравиот начин на живот, заштита на животната средина и едукација на најмладите.

Во рамките на 40-тата Критична маса на “НаТочак Прилеп”, стотина љубители на велосипедизмот мрднаа со прст и го кренаа градот под Марковите кули на педали на досега најголемата критична маса во Прилеп.

Млади и стари, големи и мали, Прилепчани гордо застанаа зад своите точаци и испратија јасна и гласна порака дека е неопходно Прилеп да добие соодветна инфраструктура, а пред сè - сообраќајна култура за возење велосипеди. За дружбата да остане запаметена, на почетокот и крајот на рутата, велосипедистите ги пречекаа познатите мрдачи со прст DJ Гоце Саф и Марко Новески кои им се придружија во испраќање на нивните вело-визии - Прилеп да прерасне во вело-град и надалекудаодекне  велосипедското ѕвонче.

Со овие настани, иницијативата “Мрдни со Прст“ продолжува со активностите за подигнување на свеста на граѓаните за различните можности за општествени промени кои се во доменот на секој поединец. ,,Tи си на потег” како слоган на кампањата го повикува секој граѓанин да даде своја идеjа, да се вклучи и да реализира активности со цел да направи одреден придонес во заедницата во која живее.

Се надеваме дека овој настан во Прилеп ќе ги поттикне љубителите на велосипеди и во другите градови да се организираат и да креираат вакви акции. Повеќе информации за тоа како секој може да се вклучи, а воедно и детали околу досегашните  и следните активности на “Мрдни со Прст“ се достапни на www.mrdnisoprst.mk, како и на Facebook страницата www.facebook.com/MrdniSoPrst.


Во продолжение идиличната вело - атмосфера од вчерашниот настан на Прилепските улици. 


Можеби ќе ве интересира

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор