03 Мај, 2024
0.0315

Премиум-вина и музичко шоу на прославата на Св. Трифун во „Стоби“

Објавено во: Мои пари 14 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Со литургија, закројување на лозите и богата музичка програма денес во винаријата „Стоби“ беше одбележан празникот Св. Трифун, заштитникот на виното и на винарите. Голем број претставници од бизнис-секторот, вински витези и советници присуствуваа на целодневната прослава.

Ana Jordanova, glaven vinski urednik vo Stobi na zakrojuvanje nalozata

Proslava na Sv. Trifun vo Stobi Настанот почна со молитва, осветување и закројување на лозите, а продолжи со настапи на популарниот бенд „Љубојна“ и трубачот Џамбо Агушев, диџејот Џон Антонио и гудачкиот секстет на Пламенка Трајковска. Гостите ужуваа во концертите и ги дегустираа новите премиум-вина на „Стоби“ кои беа промовирани во декември минатата година. Станува збор за „Акација“, „Аура“, „Аксиос“, „Аминта“, „Вердо“ и „Веритас“ кои го претставуваат „најдоброто од најдоброто“ создадено од стручниот тим на винаријата.

Бериќетна година беше една од желбите споменати во молитвата кон Св. Трифун. Раководниот тим на „Стоби“ пак посочува дека се надева дека 2016-та година ќе биде исто толку добра колку и ланската.

- Задоволни сме од тоа како се развива нашата приказна и фокусирани сме кон тоа да продолжиме да чекориме по нагорна патека. Минатата година добивме огромен број на препораки и пофалби од вински стручњаци од реномирани медиуми како „Вашингтон пост“, „Волстрит журнал“, од винскиот советник на кралицата Елизабета итн.

Proslava na Sv. Trifun 1Бевме на најстариот вински натпревар во светот кој се одржува во Словенија и се вративме со четири златни медали. Воедно голем чекор нанапред беше и промоцијата на вината од премиум-линијата кои во моментов се наш најсилен адут така што се надеваме дека Св. Трифун ќе продолжи да нè штити и оваа година – вели Ана Јорданова, главен вински уредник во винаријата.

„Стоби“ е модерно конципирана македонска винарија, лоцирана во општина Градско, веднаш до античкиот локалитет Стоби, од каде што го добива и своето име. Произведува повеќе од 15 различни типови на вино од кои дел се продаваат и на европскиот и американскиот пазар.

Севкупниот капацитет на „Стоби“ е 4,5 милиони литри висококвалитетно македонско вино годишно, распределено во 4 категории – премиум, елит, класик и традиционални. Производството се базира исклучиво на сопствените лозови насади, кои се простираат на површина од 600 хектари.

Можеби ќе ве интересира

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година