Премиерот против „Белене“: Ќе се гради ли втора нуклеарна централа во Бугарија?!
Објавено во: Балкан 07 Јануари, 2013
Бугарскиот премиер Бојко Борисов не сака да се гради втора атомска централа во државата. тој најави дека од сите членови и симпатизери на неговата десно ориентирана партија ГЕРБ, да гласаат против на референдумот за изградба на новата нуклеарна централа во земјата, закажан за 27 јануари.
Инаку референдумот го иницираше социјалистичката опозиција, откако во март минатата година Владата на чело со Борисов го поништи договорот со руската компанија „Атомстројекспорт“ за изградба на нова нуклеарна централа во местото Белене во северозападна Бугарија, која би имала моќност од две ијлади мегавати.
„Атомстројекспорт“ реши да ја тужи официјална Софија пред Меѓународниот арбитражен суд во Париз за отштета од една милијарда евра. Поради тужбата, Влада подоцна да најави дека би можела повторно да го покрене проектот, но ако се јави приватен инвеститор.