19 Мај, 2024
0.0255

Преговорите за „Брегзит“ ќе удрат по џебот на Британците

Објавено во: Свет 29 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Британската влада ќе треба да плати околу 65 милиони фунти годишно за планирањето на Брегзит. Земјата ќе мора да вработи најмалку уште 500 државни службеници, но се „губи“време во „политички расправии и територијални војни“, се предупредува во новиот извештај, цитиран од „The ​​Independent“.

Документот го критикува „молчењето“на премиерот Тереза ​​Меј за нејзината позиција за преговорите за излез за излез од ЕУ, што е „вознемирувачко“ за бизнисот и „вознемирувачко“ за земјите со кои Британија допрва ќе води преговори. Институтот за управување нагласува дека недостасува јасно наведена стратегија на владата, а импровизирани искази не ја пополнуваат празнината.

Во меѓувреме, одлуката за поделба на одговорноста за Брегзит е меѓу три министерства - Министерството за надворешни работи, Министерството за излегувањето од ЕУ и Министерството за меѓународната трговија - ризикува да предизвика „"фрагментирање и недоследност“, според документот.

„Молчењето на премиерот за тоа како планира да ги започне преговорите, се покажува како проблематично. Таа одбила да објави кога ќе го активира член 50 и ќе започне две годишни официјални преговори за излез од ЕУ, иако Борис Џонсон изјави дека најверојатно тоа ќе биде во почетокот на следната година“, пишува во извештајот.

Во него се повикува премиерот Тереза ​​Меј да го разјасни процесот и роковите во кои таа и нејзината влада планираат да ги започнат преговорите. Авторите на документот посочуваат дека молчењето не е стратегија и сегашната ситуација е загрижувачка, особено за бизнисот во Велика Британија.

Извештајот повикува на масовен ангажман на сите нивоа на управување на економијата, за да се добие најдобар резултат од претстојниот Брегзит.

Можеби ќе ве интересира

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто