ПРЕГАЗЕНИ ДВАЈЦА ПЕШАЦИ: Еден во Скопје, еден во Прилеп-Скопјанецот се бори за живот
Објавено во: Македонија 04 Април, 2017
Пешаците на удар на возачите.
Два одделни случаи во кои се повредени две возрасни лица на околу 50 годишна возраст се прегазени од несовесни возачи.
На скопските клиники за живот се бори пешакот Љ.Ј.(56) од с.Долно Соње во кој удрил возило „дачија логан“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ж.Р. од Скопје
Пешакот веднаш со возило на итната медицинска помош е префрлен во Ургентниот центар „Мајка Тереза“ каде што му се констатирани тешки телесни повреди и се наоѓа во животна опасност.
Другиот случај се случил во Прилеп а дека состојбата е сериозна укажува фактот што пешакот е пренесен на скопските клиники.
Имено вчера непознато лице управувајќи возило со непозната марка и регистарски таблици, удрило 53-годишната Љ.Ј. од Прилеп по што непознатото лицето со возилото избегал. Во незгодата пешакот Љ.Ј. се здобила со тешки телесни повреди која по укажаната лекарска помош во Болницата во Прилеп е префрлена во Ургентниот Центар во Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и возилото.