26 Април, 2024
0.0279

Предлог-законот за плати по брза постапка во Собранието за да се исплати зголемувањето до 15 октомври

Објавено во: Економија 03 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за исплата на платите денеска е единствена точка на дневен ред на 115-та собраниска седница и ќе се носи по брза постапка за Владата да може да им го исплати ветеното зголемување од 5 отсто на работниците од јавниот сектор заклучно со септемвриските примања до законски предвидениот рок до 15 октомври.

Зголемена плата за пет проценти ве предвидено да добијат здравствените, социјалните, просветните работници, полицијата, одбраната и целиот преостанат јавен сектор, соопштија од Владата.

Инаку опозицијата во Собранието вчера реагираше дека вработените од јавната администрација се уште не ја добиле зголемената плата која ја најави Владата.

„Денес сме 2 октомври, а административците не ги земаа 5% покачување на платата. Впрочем и во многу институции не се исплати ни редовната непокачена плата. Владее целосен хаос“ критикуваше претходно Невенка Стаменковска Стојкоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

На ова владеачкото мнозинство одговори дека зголемената плата од 5 отсто за службениците и другите професии е онаа септемвриската која ќе биде исплатена во законски предвидениот рок до 15-ти октомври.

„Владата предводена од СДСМ за ова покачување на платите и за подобрување на животниот стандард има обезбедено финансиски средства. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ која парите ги трошеше на барок и стиропор, СДСМ се грижи грижи за граѓаните и обезбедува средства за подобрување на нивниот стандард. Од минатата година до денес покачена е платата за 10 проценти на медицинските сестри и 15% на докторите специјалисти, покачена е платата во образованието, обезбедена е финансиската состојба на 12 илјади стечајци“, рече Јагода Шахпаска, пратеничката на СДСМ.

Според тоа, како што велат од СДСМ,. вработените во јавниот сектор за месец септември ќе добијат повисока плата за пет проценти и реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ ја оценија како лажна вест и како што велат од таму, за замајување на јавноста.




Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти