Пред точно 14 години почина Никола Кљусев-првиот премиер на независна Република Македонија

Објавено во: Македонија 16 Јануари, 2022
Точно на денешен
ден, пред 14 години,(2008) на 80-годишна возраст почина академик Никола Кљусев,
првиот премиер на независна Република Македонија. Кљусев за време на неговиот
едногодишен мандат од 1991 до 1992 имаше значајна улога во воспоставувањето на
независноста и сувереноста на македонската држава.
Во Штип завршил основно и средно образование. Како ученик, уште пред да стане полнолетен (1942-45) учествувал во Антифашистичкиот отпор – во партизанските единици на Македонија. Во 1947 година заминал на студии на Економски факултет во Белград, каде што бил уапсен и испратен на Голи Оток, поради што две години бил исклучен од Универзитетот. Дипломирал економија во Белград во 1953 година, а докторирал во 1964 година.
Кариерата ја почнал како асистент на Институтот за научни истражувања во индустријата на Македонија, а од 1972 година бил редовен професор на Економскиот факултет во Скопје. Во 1989 година бил избран за член на МАНУ, каде што бил претседател на Советот за демографски истражувања.
За својата научна активност, Никола Кљусев беше добитник на највисоката републичка награда „11 Октомври“ и на голем број други награди и признанија во земјата и во странство.
Можеби ќе ве интересира
ГОЛЕМ ПОЖАР ВО ДЕБАРСКО-СИЛНИОТ ВЕТАР ЈА НОСИ ОГНЕНАТА СТИХИЈА КОН КУЌИТЕ ВО СЕЛЦИ: Жителите стравуваат од невидена катастрофа

АВТОКЕФАЛНОСТА НА МПЦ Е ИСТОРИСКА ВЕСТ: Премиерот Ковачевски го честита признавањето на древната Охридска Архиепископија
ГОЛЕМ И РАДОСЕН ДЕН ЗА ПРАВОСЛАВИЕТО: Архиепископот Стефан денес од Соборниот храм-„Ќе сослужуваме во храмот на Вселенската Патријаршија“
СПЦ ЈА ЈА БЛАГОСЛОВУВА И ОДОБРУВА АФТОКЕФАЛНОСТА НА МПЦ-ОА: Патријархот Порфириј објави по Божествената литургија
СЕ ЧЕСТВУВА ДЕНОТ НА СЕСЛОВЕНСКИТЕ ПРОСВЕТИТЕЛИ СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ: „Треба да ни останат патоказ за тоа како да истраеме и како индивидуи и како нација“

Ковачевски: Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ е достоен продолжувач на визијата и просветителското дело на светите браќа

БОЖЕСТВЕНА ЛИТУРГИЈА НА МПЦ И СПЦ ВО СОБОРНИОТ ХРАМ ВО СКОПЈЕ: Г.Г. Стефан и патријархот Порфириј во „Св. Климент Охридски“

МАЈМУНСКИТЕ СИПАНИЦИ ПРИСУТНИ ВО 12 ЗЕМЈИ: Засега нема смртен случај, ИЈЗ со сите детали за болеста
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бугарија не се врзува со рокови, а пратеник ги бара моштите на Цар Самоил
