01 Мај, 2024
0.0396

Пратеникот Сашко Костов објаснува: Настан имаше, но не како што опишаа медиумите

Објавено во: Македонија 13 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Пратеникот Сашко Костов од СДСМ, за чија ќерка медиумите пишуваа дека имало обид за киднапирање на неговата седумгодишна ќерка, за Фактор вели дека „настан имало, но не до толку како што го опишаа медиумите“.

Тој додека разговаравме телефонски патуваше за Скопје, каде по разговор со координаторот на пратеничката група на СДСМ, планира да даде изјава за медиумите, која, како што ни рече, ќе биде еден вид појаснување за тоа што се случило.

Повеќе не сакаше да објасни, вели се ќе каже денеска во Собранието, пред целата јавност.

На нашето прашање, во кого се сомнева дека би посегнал по таков чин, за што веќе и излегоа сомнежи во медиумите, вели дека „Сомнежи има, но органите си ја работат работата. Се надевам дека ќе завршат за два три дена, по што работите ќе бидат многу појасни“, вели Костов.

Од МВР се уште нема детали. 

Телевизија „Сител“ утрово пренесува дека непознати лица се обиделе да грабнат седумгодишна ќерка на пратеник од СДСМ. Настанот бил е пријавен во полиција.

Настанот се случил во средата во 11:45 во Кочани кога детето се враќало од училиште и возило со странски регистарски таблички ја пресретнало и од автомобилот излегле непознати лица со локален дијалект кои побарале од него да влезе внатре.

Но во тој момент на местото се затекнал дедото на малолетното девојче по што сомнителните лица се откажале од намерата и побегнале.


Можеби ќе ве интересира

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски