19 Мај, 2024
0.0297

(ВИДЕО)Пратеник на ВМРО-ДПМНЕ му упадна на прес конференцијата на Заев во Штип

Објавено во: Македонија 05 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Иван Јорданов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ од Штип, денеска упадна на настан во овој град, на кој присуствуваше премиерот Зоран Заев, кој по обраќањето повика новинарите да поставуваат прашања. Иако му рече дека прашањата се за медиумите, Заев му дозволи на Јорданов да ги постави прашањата. Видето од настапот на Јорданов на фејсбук ги објави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.  Претходно на обраќањето сите камери беа кон Заев па ЈОрданов не се виде. 

Заев сепак одлучи да го послуша и му одговараше на прашањата. Јорданов беше исвиркан од насобраните штипјани кои дојдоа да го слушаат заев кој пак таму беше во поддршка на кандидатот на СДСМ за градоначалник на овој град.

„Прво, со кој образ ветувате дека за 9 месеци ќе ги реализирате проектите што три и пол години не ги реализиравте? Второ, дали знаете дека во компанијата ‘Баргала’, која е во роднинска врска со вашиот кандидат, пред десетина дена има исплатено плата од две илјади денари на вработените? И последно прашање, кој ви дал право да преговарате во име на македонскиот народ, да го продавате македонскиот јазик, македонската култура и македонскиот идентитет“, рече Јорданов.

Заев одговори.

„Кандидатот нема да има време да ги заврши сите проекти, но може да ги почне, зашто Николов е најсериозен кандидат за редовните избори за Штип на кои ќе добие мандат од четири години. Македонскиот народ и макеоднскиот јазик, никогаш не бил поарфирмиран од денес. Денеска нние сме Македонци кои говорат македонски јазик. Не сме веќе ФИРОМ. Денеска сме држава. Затоа ви препорачувам на најубав демократски начин да им служиме на граѓаните и да учествуваме, да не бегаме, рече Заев.



Можеби ќе ве интересира

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична