26 Април, 2024
0.0385

Прашавме Македонци, Албанци, Роми што мислат за вработување во приватен сектор по етнички клуч?

Објавено во: Македонија 08 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Повеќето Македонци се против вработување во приватен сектор по етнички клуч, а кај помалите етнички заедници мислењата се поделени. Некои се за, а други против. Едни мислат дека тоа ќе биде добро, други дека е штетно, и дека ќе придонесе квалитетните кадри уште помасовно да си заминуваат од Македонија.

Но, сите се согласуваат дека и во државниот, а и во приватниот сектор сакаат да наидат на компетентни работници кои си ја знаат работата, а со тоа да добијат и добра услуга.

„Не треба врз основа на националност да се вработуваат луѓето, туку кој како е способен и образован“, вели Елма Шефкети, граѓанка.

Но, друга повозрасна граѓанка од албанска националноста смета дека е добро да има квоти и за приватни компании.

„Тоа е во ред, треба да се субвенционира. Оние кои ќе работат ќе дадат максимум од себе“, смета таа.

Моме Бошковски, повозрасен граѓанин вели дека тоа што се отвора ваква тема во општеството не е чудно, но не е добро и ќе има негативни последици.

„Квалитетот треба да биде пред сѐ, а потоа да се гледа другото. Националноста нема врска со тоа. Треба да се настапи рамноправно и поубаво ќе биде“, рече Бошковски.

Методија Трајковски, пензионер вели дека приватните компании треба да имаат слобода да вработуваат кого сакаат, а не врз основа на националност.

„Кој кого сака ќе прими. Ако се гледа националност, квалитетот ќе биде тргнат на страна, а од тоа ќе имаме само штета“, додава овој човек.

Но, има и такви кои мислат дека оваа мерка нема воопшто да заживее и дека е тотално промашена.

„Тоа е „рекла казала“ муабет, сѐ оди по партиска линија, а процентите можат да ги билдаат кој како сака, но никој не ја кажува вистината цели 30 години. Но, ние сме поделени, и некој друг ни кажува како и што да правиме, а ние слушаме и мораме така да функционираме. Ние не водиме самостојна политика“, рече Душко Костовски, граѓанин.

И кај припадниците на ромската заедница мислењата се поделени. Едни велат дека им треба работа, дека треба и Ромите да се вработуваат, а други дека откако Македонија е самостојна работите се менуваат само на полошо. 

„Ќе биде добро ако ни дадат работа, но ако не ни дадат, што ќе имаме? Ако важи тој закон ќе биде добро. Ние Ромите никаде немаме права“, вели Фетије Зеќировска, граѓанка.

Наџија Демировска, која е невработена е категорична дека мора да се гледа квалитет, и ништо друго. Според неа, за младите, образовани и способни кадри треба да се обезбедат работни места, но спротивно како општество ќе тонеме.

„Квалитетот е секогаш на прво место, а не националност. И кај Ромите има деца кои се образовани. Ако се оди по националност, што ќе биде? Кој има врски, преку ред ќе се вработи, а другите кои се способни ќе избегаат од земјата. Јас тоа не го оправдувам, нема гледање на националност“, рече Демировска.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи пред неколку дена се пофали дека ќе има субвенционирање на правична застапеност во приватни компании. Ова помина на седница на Влада. Јагода Шахпаска, министерката за труд и социјална политика, појасни дека е договорено субвенциите за правична застапеност на вработувањата по етнички критериум во приватните компании всушност да се распределуваат процентуално онолку колку што изнесуваат етничките заедници во земјата. Во оперативниот план за 2021 година на Агенцијата за вработување се предвидени 25 милиони евра за стимулирање на вработувања во приватниот сектор и тие, според она што го вели министерката, треба да се распределат според етничката структура во земјата.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ПОЧИНА ЕДЕН ОД ОМИЛЕНИТЕ ПРОФЕСОРИ НА МАКЕДОНСКИТЕ АКТЕРИ ШТО СТУДИРАЛЕ ВО СОФИЈА, АЛЕКСАНДАР ИЛИЕВ: „За сите кои бевме дојдени од странство за да студираме во Софија, се грижеше како за свои деца“

ПОЧИНА ЕДЕН ОД ОМИЛЕНИТЕ ПРОФЕСОРИ НА МАКЕДОНСКИТЕ АКТЕРИ ШТО СТУДИРАЛЕ ВО СОФИЈА, АЛЕКСАНДАР ИЛИЕВ: „За сите кои бевме дојдени од странство за да студираме во Софија, се грижеше како за свои деца“

„ЗА РАЗЛИКА ОД МЕНЕ, ТИЕ ПРЕД ОЧИТЕ НА ЦЕЛА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ ИЗЛЕГОА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА“:Јакимовски му возврати на Муцунски заради неговиот коментар за малиот број гласови на Стевчо

„ЗА РАЗЛИКА ОД МЕНЕ, ТИЕ ПРЕД ОЧИТЕ НА ЦЕЛА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ ИЗЛЕГОА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА“:Јакимовски му возврати на Муцунски заради неговиот коментар за малиот број гласови на Стевчо

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

АНДРЕЈ ПЕТРОВ:Признаваме дека ВМРО ДПМНЕ направи подобар резултат

АНДРЕЈ ПЕТРОВ:Признаваме дека ВМРО ДПМНЕ направи подобар резултат

ОСМАНИ ПОБЕДИ ВО БЕРЛИН И МИНХЕН, ПЕНДАРОВСКИ ВО ВАШИНГТОН, А ТЕСНА БИТКА СЕ ВОДЕЛА МЕЃУ СИЛЈАНОВСКА И ВАНКОВСКА ВО ЉУБЉАНА: Како гласаше македонската дијаспора?

ОСМАНИ ПОБЕДИ ВО БЕРЛИН И МИНХЕН, ПЕНДАРОВСКИ ВО ВАШИНГТОН, А ТЕСНА БИТКА СЕ ВОДЕЛА МЕЃУ СИЛЈАНОВСКА И ВАНКОВСКА ВО ЉУБЉАНА: Како гласаше македонската дијаспора?

КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВО МАЈ, ЈУНИ И ЈУЛИ?: Очекуваме за степен до два повисоки температури од вообичаените, но ќе растат условите и за временски непогоди

КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВО МАЈ, ЈУНИ И ЈУЛИ?: Очекуваме за степен до два повисоки температури од вообичаените, но ќе растат условите и за временски непогоди

„СДСМ КО ЕДВАЈ ДА ЧЕКАШЕ ДА ИЗГУБИ“: Колозова во нејзин стил, вели нема кој да не вади од паланкава

„СДСМ КО ЕДВАЈ ДА ЧЕКАШЕ ДА ИЗГУБИ“: Колозова во нејзин стил, вели нема кој да не вади од паланкава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?