02 Мај, 2024
0.0278

Пожарникарите кршеле прозорци за да го изгаснат пожарот: Хидрантите во објектот нефункционални

Објавено во: Македонија 09 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Изгаснат е пожарот во зградата на поранешна Комерцијална банка, во која сега се наоѓаат Секретаријатот за европски прашања, Инспекторатот за животна средина и Македонската информативна агенција (МИА).

Според информациите од Територијалната противпожарната бригада на Град Скопје, пожарот избувнал во просториите на Инспекторатот, а како што изјави командантот Владимир Симоновски, нема повредени, освен еден пожарникар кој се пожалил дека вдишал чад заради што интервенирала екипа на Итната медицинска помош. Пожарникарот е во стабилна состојба. 

Симоновски вели дека најверојатно причината за пожарот е електричната инсталација, а избувнал во канцелариите на Инспекторатот, немало луѓе, бидејќи работното време почнува во 8.30 часот.

-Станува збор за сложена интервенција затоа што пожарот е во Инспекторатот за животна средина. Се работи за простории во поранешна Комерцијална банка, преградени со гипс картони и стаклени врати. Внатре не работи ниту еден хидрант. Тоа ни претставуваше проблем. Точно не знаевме како да влеземе се додека не пристигнаа вработените во МИА кои ни дадоа шема како да влеземе, изјави денеска командантот на пожарникарите, Симоновски.  

Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање