Повредени се седум полицајци на протестот за „Монструм“
Објавено во: Македонија 26 Февруари, 2021
Повредени се седум полицајци за време на денешниот протест по пресудите за случајот „Монструм“. Демонстрантите, кои тргнаа од парк Чаир преку Кривичниот суд до Влада, се судија со полицијата кај Бит пазар, фрлаа камења, при што седум полициски службеници се повредени, објави МИА. Нападната беше екипа на МИА.
Пресудата е изречена на 23 февруари, при што доживотни казни затвор добија обвинетите Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ, 15 години затвор доби обвинетиот Фејзи Азири и девет години затвор доби обвинетиот Хаки Азири. Ослободен од обвинението е Сами Лута. Алил Демири и Африм Исмаиловиќ се избегани во Косово.