19 Мај, 2024
0.0280

Повик за обуки за јакнење капацитети на граѓански организации за младински политики

Објавено во: Мои пари 07 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Младинскиот културен центар – Битола, во соработка со Фондацијата за Претприемачки сервис за млади, распиша повик за обуки за јакнење на капацитетите на граѓанските организации за влијание врз младинските политики.

Проектот преку обуките има цел активно да ги вклучи граѓанските организации во креирање подобра економска и социјална средина за младите. Досегашното искуство покажува дека граѓанските организации имаат значајна улога во општеството, иако нивното учество во процесите на креирање на политики се спроведува неконзистентно. Обуките ќе помогнат да се развијат и зајакнат соодветните капацитети потребни за поголема ефикасност и вклученост на граѓанските организации при застапување на интересите на младите луѓе.

Овие обуки се реализираат во рамки на проектот „Јакнење на капацитетите на граѓанските организации со цел унапредување на креирањето на младински политики“, од програмата IPA TAIB 2013 „Зајакната вклученост на граѓанското општество во реформите за интеграција во Европската унија“.

Потребно е да се постигне подобрување во делот на знаењето, вештините и способностите, финансиите и воспоставување и одржување добри односи и релации со другите државни и недржавни чинители во општеството. Преку соработката на сите чинители во формулирањето и имплементација на политиките се стигнува до поефективно справување со предизвиците со кои се соочува македонската економија и општество: корупцијата, високата стапка на невработеност, односите меѓу различните етнички групи итн.

Предвидено е да се одржат три дводневни обуки за вкупно 45 учесници во текот на април и мај годинава. Учесниците ќе се поделат во три групи од по 15 лица, а претставници на граѓански организации кои ќе се пријават може да одберат еден од предложените три термини за обуките: 19 и 20 април 2018, 26 и 27 април 2018 или 10 и 11 мај 2018. Обуките ќе се одржуваат во Битола, а ќе бидат организирани како целодневни настани. Намерата е да се овозможи формално и неформално дружење на учесниците за да искористат две придобивки од обуката: градење на капацитети и поврзување. На крајот од секоја обука, ќе се развијат заеднички препораки и рефлексии, кои ќе се користат при креирањето на следните активности од проектот, односно за подготовката на онлајн курс и за прирачник.

Учесниците ќе се запознаат со основите, стандардите на квалитет и индикаторите на младинската политика и ќе научат планирање, креирање, имплементација и евалуација на младинската политика. Ќе се запознаат со сите релевантни институционални актери во земјата одговорни за креирање и спроведување на младинските политики, ќе ги совладаат чекорите за застапување на младинските политики пред сите релевантни чинители и носители на одлуки. И ќе се мотивираат за вклучување и придонес во социо-економскиот развој на земјата преку креирање младински политики за актуелни прашања кои ги засегаат.

Обуката е наменета за претставници на граѓански организации кои работат на младинските програми во организациите, како и активни членови и волонтери во граѓански организации со фокус на младински организации. Учесниците мора да се постари од 18 години и со силна мотивација за вклучување во процесите на креирање и застапување за младинските политики.

На обуката може да се пријави по еден учесник со пополнување на пријавата тука. Краен рок за пријавување четврток, 12-ти април 2018 до 16:00 часот. Контакт лице: Мери Нашоку 075 468 651.

Само селектираните учесници ќе бидат контактирани за учество на обуката со доставување на деталната програма за работа и логистички информации. На учесниците ќе им бидат покриени трошоци за сместување, храна, материјали и пат. Селектираните учесници задолжително треба активно да се вклучат во обуката.

Напомена:

Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Фондацијата за Претприемачки сервис за млади и на никој начин не може да се смета дека ги претставува ставовите на веб порталот кој ја објавува.

Проектот е имплементиран од Фондација за Претприемачки сервис за млади и Младински културен центар Битола. Овој ПР текст и неговата објава се подготвени со поддршка на Европската Унија. Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Фондацијата за Претприемачки сервис за млади и на никој начин не може да се смета дека ги претставува ставовите на Европската Унија.


Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО