17 Мај, 2024
0.0305

Потрошувачите плаќаат за нафтените резерви, а државата се ценка за надоместокот кон компаниите кои ги чуваат

Објавено во: Економија 12 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Нафтените компании кои ги чуваат државните резерви на нафта и државата преговараат за цената која како надомест треба да им се исплаќа на годишно ниво за услугата. Во Министерството за финансии формирана е работна група која работи на подзаконските акти со кои треба да се одреди надоместокот за Окта, Макпетрол и Лукоил, но оттаму одлучија да молчат и не одговараат на прашањата до каде е процедурата, за што се преговара и кога може да  се очекува новата уредба.

Македонија е единствена земја во која државата не им дава ниту денар на фирмите кои во свои складишта ги чуваат државните резерви. Окта, Макпетрол и Лукоил за тоа имаат годишен трошок од три до четири милиони евра, а според постојната законска регулатива за тоа не добиваат парична компензација. Од финансии потврдија само дека се во преговори со нафтените компании, но дека не може да се објавуваат дополнителни информации. Фактор дознава дека државата сака надоместокот да биде минимален или околу едно евро за метар кубен додека за нафтените компании тоа е неприфатливо.

Уљуси Бекири директор на Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта за Фактор вели дека тие дале препорака да се одреди надоместок за услугата, но дека не учествува во работната група туку дека тоа е работа на Министерството.

„Ние дадовме став дека надоместокот треба да се регулира, односно да се донесе нова уредба со која на нафтените компании ќе им се плаќа надоместокот. Треба да се најде решение според кое висината на надоместокот ќе биде прифатлива и за државата и за нафтените компании. Проблемот кај нас е што ние впрочем не сме ги оформиле законските нафтени резерви и практично ги докупуваме, па финансиски е тешко ако надоместокот биде повисок, вели Бекири.

Инаку државата наплатува од потрошувачите надоместок за задолжителните резерви и според пресметките, во Дирекцијата по оваа основа се слеваат над осум милиони евра годишно. Имено според методологијата за пресметка на цените на горивата, потрошувачите плаќаат по 0,3 денари за секој купен литар дизел и по 0,89 денари за секој купен литар бензин за надоместок за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати. Овие пари не завршуваат кај нафтените компании. За да се смени ситуацијата мора да се донесе новата уредба, односно подзаконските акти кои ќе ја одредуваат компензацијата. Во моментов, на сила сеуште е Уредбата за утврдување на висината на надоместокот за чување и евапорација на задолжителните резерви на нафта и нафтени деривати, според која за складирање, чување и обновување на нафтените деривати од задолжителните резерви како надомест на трговските друштва се смета остварениот приход од користењето за сопствени потреби на најмногу 30 отсто по дериват од задолжителните резерви, во тековната година, со обврска таа количина да биде во целост надоместена заклучно до 31-ви декември секоја година.

Во меѓувреме, односно пред две недели пратениците ги усвоија измените на законот за задолжителни резерви на нафта со кои до 2020 година се одложуваат измени кои требаше да стапат на сила годинава а меѓу кои и тоа државата да не смее да ги користи резервите по потреба на државни и градски фирми за греење и транспорт. Токму во тоа е и клучниот проблем, оти и сега во моментов Македонија го нема законскиот минимум на резерви на нафта. Според наши информации земјата сега има резерви за 65 дена, а треба резервите да покриваат 90 дена.

Нафтените компании кои ги чуваат резервите од поодамна реагираат на практиката да ги чуваат резервите за без пари. Ако уредбата се пролонгира, и оваа година треба да останат без денар.

Александра Томиќ


Можеби ќе ве интересира

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија