02 Мај, 2024
0.0274

Потребни се повеќе пари за војската и модернизација на армијата

Објавено во: Мои пари 17 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Врховниот командант на Армијата, претседателот Ѓорге Иванов заедно со министерот за одбрана Талат Џафери, побараа подобрување на животниот стандард на војниците, но и модернизација на армијата. По повод Денот на АРМ - 18 Август,  Иванов истакна дека е горд сум на армијата и верува дека ќе дојде денот кога како признание за успешното учество во мировните мисии и бројните индивидуални успеси, Македонија ќе добие полноправно членство во НАТО. Иванов во своето обраќање на свеченоста сепак забележа дека без идни вложување во Армијата, стекнатата реформска кондиција може брзо да се изгуби. „Како врховен командант на вооружените сили, цврсто сум уверен дека институциите во РМ надлежни за обезбедување финансиски средства, треба да преземат одредени мерки за подобрување на животниот стандард на припадниците на нашата Армија“, рече Иванов. Министерот Џафери пак побара модернизација на војската. „ На АРМ на РМ и се неопходни современи оклопни транспртери, радари, транспортни возила, комуникациска опрема, хеликоптери. Како Министерство имаме обврска да ги фокусираме расположивите ресурси кон исполнување на приоритените потреби“, истакна Џафери на централната свеченост. Вчера и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески се пожали дека нема пари за модернизација на македонската армија, туку само за тековно функционирање. Фото МИА

Можеби ќе ве интересира

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година