18 Мај, 2024
0.0302

Постигнат е договор за ограничување на нуклеарната програма на Иран

Објавено во: Свет 14 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Иран и групата на шесте држави, предводени од САД, постигнаа историски договор за ограничување на нуклеарната програма на Техеран за повеќе од една деценија, соопшти „Њујорк тајмс“.

Во замена за тоа меѓународните финансиски и нафтени санкции наметнати на земјата, ќе бидат укинати, изјавил висок дипломат, запознат со процесот на преговори.

Постигнат е договор за кулминација на 20 месеци преговори, кој се смета за најголемото дипломатско достигнување на претседателот на САД Барак Обама.

„Компромис е постигнат по сите прашања а во најскоро време страните ќе го објават резултатот“, изјавил за „ТАСС“ европски дипломат.

Официјалното прогласување за постигнатиот договор се очекува подоцна во текот на денот, во седиштето на ОН во Виена со пленарна седница, проследена со прес-конференција. Седницата ќе започне во 11.00 часот по македонско време.

„Заклучок на договорот е можен денес“, изјавил пред тоа иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф, пренесе „Ројтерс“. Според дипломатски извор Иран и Меѓународната агенција за атомска енергија се согласиле за планот, според кој треба да ги решат до крајот на годината нерешените прашања за можните воени димензии на досегашниот нуклеарен развој на Техеран.

Се очекува Европската унија да ги замрзне санкциите против Иран до крајот на годината, а потоа да биде поднесен за целосно нивно поништување. Потсетуваме дека минатата недела ЕУ го продолжи замрзнувањето на санкциите против Иран до понеделникот оваа недела. Тоа беше втората слична мерка за неколку месеци, која има за цел да им даде повеќе време на тешките преговори во Виена за постигнување на нуклеарен договор со Техеран.

Денешниот постигнат договор доаѓа по години на санкции и сајбер напади кои имаа за цел запирање на нуклеарната програма на Иран. Техеран тврди дека го користи само за мирољубиви цели. Еден од главните проблеми кој остануваше на преговарачката маса, беше ембаргото врз обичното оружје на Иран.

Можеби ќе ве интересира

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто