02 Мај, 2024
0.0279

Постигнат договор за собраниските комисии, се очекува закажување на седницата

Објавено во: Македонија 11 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Собраниската Комисија за избори и именувањата се очекува денеска да закаже седница на која треба да се гласа за составот на парламентарните комисии откако претседателот на комисијата, пратеникот на СДСМ Костадин Костадинов, потврди дека парламентарните партии постигнале договор.

Откако ќе се одреди кој ќе претседава со комисиите, нивниот состав треба да помине и на пленарна седница. СДСМ ќе претседава со осум собраниски комисии, колку и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, додека ДУИ со три вклучувајќи ја и Комисијата за уставни прашања, со која претседава претседателот на Собранието. Пратениците од Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе претседаваат со две комисии, а Беса со една.

Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ веќе изјави дека неговата пратеничка група ќе претседателствува со истите осум комисии како и во минатиот состав, освен со онаа за избори и именувања. 

Сепак и натаму се уште на веб – страната на Собранието не е закажано заседание на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, но претпладне се очекува спикерот Талат Џафери на брифингот со новинарите да најави повеќе детали.

Собранието иако е конституирано уште во август, се уште не може да започне со носење на закони и законски измени бидејќи парламентарните партии не можеа да постигнат договор за претседавањето со парламентарните комисии. 


Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање