19 Мај, 2024
0.0321

Последен рок за Адеми до понеделник

Објавено во: Македонија 05 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Синдикатот за образование, наука и култура и Министерството за образование в понеделник ќе ја одржат следната средба како  последен обид да се договорат за повисоки плати за просветарите. 

Јаким Неделков, претседателот на СОНК, денеска рече дека ако в понеделник понудата на министерот за образование Арбер Адеми е несериозна, тоа ќе значи дека синдикатот ќе нема избор освен да повика на генерален штрајк.

Синдикатот бара зголемување на платите за 25 отсто, а не за пет проценти кое е веќе важечко со септемвриските плати. Адеми напомена дека ќе има ново зголемување, но треба да се направи економска анализа за колку и кога ќе биде тоа изводливо.

Просветарите веќе организираа предупредувачки штрајк на 2 септември, односно на првиот училишен ден.

Доколку договор в понеделник нема, одлуката за генерален штрајк ќе се носи до крајот на идната недела. Потоа следува т.н “15-дневен период на помирување”, во кој исто така постои можност да се усогласат двете страни. 


Можеби ќе ве интересира

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична