26 Април, 2024
0.0299

Поскапеле кириите и куќите во Европа – како е во Македонија?

Објавено во: Економија 14 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

За покрив над глава, граѓаните во европските земји одвојуваат повеќе пари од порано. Во Европа се зголемиле цените на кириите и на куќите. Ова го покажуваат податоците на Евростат.

Цените за изнајмување се зголемиле за 16 отсто, а цените на куќите скокнале за 34 отсто од 2010 година. При тоа, цените на куќите повеќе од двојно се зголемиле во Естонија, Луксембург и Унгарија. Живеалиштата поскапеле во 23 земји на ЕУ и се намалиле во четири, при што најголем пораст имало во Естонија (+133 отсто), Луксембург (+111 отсто) и Унгарија (+109 отсто). Намалувања се забележани во Грција (-28 отсто), Италија (-13 отсто), Кипар (-8 отсто) и Шпанија (-3 отсто).

За кириите, цените се зголемиле во 25 земји членки на ЕУ и се намалиле во две, при што највисок раст има во Естонија (+142 отсто), Литванија (+109 отсто) и Ирска (+66 отсто). Намалувања имало во Грција (-25 отсто) и Кипар (-3 отсто).

КАКВА Е СОСТОЈБАТА ВО МАКЕДОНИЈА?

Но, овие трендови не ја одминаа и нашата земја. Ако се споредат цените од пред една деценија и денес, има голема разлика.

„Ако погледнеме како било пред 10 години и сега во однос на цените на кириите и куќите има многу голема разлика. Две години поради пандемијата, цените стагнираа, а кириите се намалија, но сега откако учениците и студентите се вратија на настава, има зголемување. Ако пред 10 години во добар реон квадрат чинеше 750 или 850 евра, сега е 1.250, или 1.350 евра. Очекуваме дека цените и натаму ќе растат поради поскапување на градежните материјали, но и поради побарувачката“, велат од агенцијата за недвижности „Аурус“ од Скопје.

Додаваат дека најскапи се недвижностите во Скопје и Охрид, додека во другите градови цените се пониски.

„Во 2012 година имаше намалување на цените на куќите во Битола, но потоа во 2016 и 2017 година дојде до зголемување и сега повторно со поскапување на градежните материјали ќе има зголемување на цените“, додаваат од битолска агенција за недвижен имот.

Во Тетово, агентите за недвижен имот велат дека за 10 години цената на квадрат скокнала за 30 отсто, а кириите до 10 отсто. Додаваат дека коригирањето на цените на градежните материјали и порастот на животниот стандард, ги диктираат цените на недвижностите.

Сања Атанасовска

foto freepik

Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти