16 Мај, 2024
0.0269

Поскап дизел - Македонија еко оаза или полнење на буџетот?

Објавено во: Економија 09 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

На државата и се потребни нови извори на средства на финансирање на буџетот со цел новата влада да ги реализира како преземените обврски така и програмите кои им ги вети на граѓаните. Првата мерка со која е предвидено да се „пополнат дупките“ е зголемувањето на акцизата за дизелот за 24% што беше претставено и како еколошка мерка иако ова гориво е едно најкористените во Македонија, а нема соодветна и доволно голема алтернатива. 

Од сегашните 12,5 денари за 15,5 денари за литар дизел гориво. Според официјалните податоци кои може да ги најдете на следниот линк на официјалниот сајт Министерството за финансии очекува вкупен раст на буџетските приливи за 1,95 милијарди денари кои ќе бидат резултат на зголемиот износ на акцизата и ДДВ –то. 

Од акцизата очекувањето е приходите во буџетот да пораснат за 1,6 милијарди денари, а од ДДВ-то кое ќе порасне како резултатот на основицата на која се пресметува приходот ќе порасне за уште 350 милиони денари. Според планот на министерот Тевдовски централниот буџет идната година ќе акумулира 193,4 милијарди денарии тоа е безмалку 10 милијарди денари повеќе од приходите во ребалансираниот буџет за годинава. Дури 20 отсто од тоа зголемување ќе го платиме преку зголемувањето на акцизата и ДДВ-то за дизел горивото.

Приходите од акциза во буџетот за оваа година се проектирани на ниво од 23,34 милијарди денари. Нивната реализација до крај на септември е 17,125 милијарди денари и тоа е 73,4 отсто од годишниот план. Доколку планот за идната година не се менува по друг основ тогаш само со зголемување на акцизата на дизел горивото во буџетот ќе се слеат 25 милиони евра.

Ќе се намалат 600 милиони денари расходи за стоки, а ќе зголемат 2 милијарди денари за акциза и ДДВ!

Во документот на Министерството на горепосочениот линк пишува дека Владата за идната година ќе потроши помалку 600 милиони денари од тоа што годинава се троши за расходи кои се квалифицирани како помалку продуктивни расходи. 
Вкупните расходи за стоки и услуги се намалуваат идната година за 420 милиони денари што е за 4,2 отсто помалку од тоа што ќе биде реализирано до крајот на оваа година.

Од достапните јавни податоци на Министерството за финансии се гледа дека вишокот од акциза на дизел и ДДВ ќе го „лапнат“ пензионерите затоа што кај пензиите за идната година е предвидено 2,1 милијарди денари повеќе по основ на законско усогласување што во превод значи услогласување со стапката на инфлација, правило што сите работодавачи го забораваат како обврска спрема своите вработени.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД

МАКЕДОНИЈА СО НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА КОРУПЦИЈАТА, РАСТ НА БДП НАД ПЕТ ОТСТО, СИЛНА НАЦИЈА - моќни пораки од Самитот на Македонија 2025

МАКЕДОНИЈА СО НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА КОРУПЦИЈАТА, РАСТ НА БДП НАД ПЕТ ОТСТО, СИЛНА НАЦИЈА - моќни пораки од Самитот на Македонија 2025