18 Мај, 2024
0.0595

Порошенко го обвини Путин дека ја “сака цела Европа”

Објавено во: Свет 03 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Украинскиот претседател Петро Порошенко го обвини рускиот колега Владимир Путин дека сака да ја добие "цела Европа".

Можно е Русија да ја нападне Финска или балтичките земји, рече тој во интервју за "Радио Франс ентернасионал", цитирано од Франс прес.

Порошенко: Украина води вистинска војна со Русија

"Путин сака да стигне толку далеку колку му биде дозволено. Тој ја сака цела Европа", изјави Порошенко во разговор на англиски за со новинарите на радиостаницата и неколку европски весници.

"Со анексијата на Крим и агресијата во источна Украина Путин го урна системот на меѓународната безбедност", рече тој. Крим беше анексиран од Москва во март 2014 година, откако полуостровот беше заземена од руски војници и таму се одржа референдум, незаконски според Киев и Западот, потсетува АФП. Украинскиот претседател продолжи: "Можна ли е агресија против Финска? Да. И Финска добро го сфаќа тоа. Можна ли е агресија против балтичките држави? Секако. Можна ли е агресија во црноморскиот простор? Да".

Столтенберг: Русија не е непосредна закана за земјите од НАТО

"Затоа, штом зборуваме за Украинците, кои се борат во источните региони од нашата земјата, не станува збор само за борба за единството и независноста на Украина: ние се бориме за демократијата, за слободата, за безбедноста на целиот европски континент", увери Порошенко.

Над 6500 се жртвите од конфликтот во источна Украина, каде армијата на Киев победи против проруските сепаратисти, потсетува АФП.

"Ова е вистинска агресија против мојата земја; во моментот во кој разговараме, 9000 руски војници, вооружени со модерни руски оружја ја окупираат нашата територијата", изјави претседателот Порошенко и го осуди ова "грубо кршење на меѓународното право".

На 15 февруари во сепаратистичкиот регион беше откриено ново примирје, но крвави судири продолжуваат таму речиси секој ден.

Можеби ќе ве интересира

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто