17 Мај, 2024
0.0329

Поранешните функционери во општина Центар потрошиле 9.000 евра за кафиња и пијалоци

Објавено во: Мои пари 31 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов денеска изјави дека поранешните функционери во општина Центар, сеуммина од нив, за 9 месеци за кафиња и пијалаци потрошиле 9.000 евра, или по 2.000 денари дневно.

Според него, ова произлегува од ревизорскиот извештај за незаконски потрошените преку 58 милиони евра на општина Центар во реализација на проектот „Скопје 2014“.

„Само со губењето на власта во општина Центар се открија многубројни ставки за фантастично неодговорни трошења на народните пари. Токму затоа во изминатиов период ВМРО – ДПМНЕ се обидува во јавноста да наметне теми за дискусија кои се паушални и непродуктивни, вклучително и тоа што е, а што не е тоалет хартија, а се со цел да се одвлече вниманието на јавноста од ваквото трошење и од суровата реалност во Република Македонија“. рече Шилегов.

Следниот чекор кој ние и граѓаните го очекуваме од ВМРО – ДПМНЕ е дека реакцијата на овој прес нема да биде само празна реплика и навреди за раководството на СДСМ, туку дека конечно ќе почнат да даваат одговорен отчет за тоа како навистина се трошат народните пари на нашите граѓани, рече портпаролот на СДСМ на денешната прес-конференција на плоштадот Македонија.

Можеби ќе ве интересира

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак