Поранешните бараат апанажа, Џафери ќе прави паркинг за тротинети за актуелните пратеници
Објавено во: Македонија 11 Септември, 2020
Досега 44 пратеници од претходниот парламентарен состав побарале да користат апанажа, брифира претседателот на Собранието, Талат Џафери. Тој вели дека се уште трае рокот за поднесување барање за надомест по престанок на функција од поранешните министри.
Инаку се уште не е одредено ама Џафери вели дека ако добие предлог од Владата за укинување на патните трошоци на сите избрани и именувани функционери, вклучувајќи ги и пратениците, тој овој предлог ќе достави на гласање. Сепак тој лично не очекува такво нешто ама најавува ако некои пратеници се откажат од користењето службени возила да направи паркинг за тротинети за да доаѓаат на работа со нив.
Инаку седницата за избор на потпретседатели на Собранието,
Џафери рече дека ќе ја свика само откако до него пратеничките групи
ќе достават формален предлог.
Во однос на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, вели дека за разлика од
минатиот состав, сега тие доаѓаат на координациите со претседателот на
Собранието.