10 Мај, 2024
0.0272

Поранешната жена на Берлускони ја доби највисоката алиментација во светот

Објавено во: Стил 25 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони ја изгуби судската битка за алиментација на бившата сопруга Вероника Ларио. Судиите во Милано го отфрлија барањето за намалување на износот на алиментацијата, која изнесува три милиони евра месечно, пренесе агенцијата АНСА. Сега пред поранешниот премиер има само уште една можност - да поднесе жалба до Врховниот суд.  Ларио и Берлускони беа заедно 30 години и имаат три деца. Според одлуката на судот, 76-годишниот политичар ќе треба да и дава на Вероника Ларио по 36 милиони евра годишно, што е веројатно најголемиата издршка на светот, но ќе задржи целосна контрола над  бизнисот и над луксузната вила во околината на Милано.