19 Мај, 2024
0.1439

Порака до сите млади: Можностите постојат и тука доколку ги креираме !

Објавено во: Мои пари 16 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Во вторникот на Правниот Факултет “Јустинијан Први” во Скопје, повеќе од 350 студенти и млади ги слушнаа личните приказни за успех на гостите говорници: Катарина Ивановска, Слободан Лазаревски, и Нина Ангеловска. Секој од нив со различна професија, но со заедничка порака до присутните:Можностите постојат и тука доколку ги креираме, можеби да бидеме општеството што ги менува работите, и да пробаме да придонесеме тука.”

Големиот број на присутни, бројните реакции на социјалните мрежи, и изјавите на гостите говорници, покажува дека младите во Македонија се “гладни” за мотивација и позитивни модели на личности, што го покажуваат низ своите изјави за настанот: “Говорот на доктор Слободан и Нина од Grouper ми се допаднаа најмногу, тие беа извонредни и зборуваа доволно мотивирачки за да почнам да размислувам за посериозни планови во мојот живот и да почнам да превземам поголема иницијатива за мојот понатамошен успех.”

Жарко Димитриоски како модератор на настанот, го најави “серијалот” на Feed Your Brain настаните кои ќе се оддржуваат во наредниот период, на различни Универзитети низ државата, секој со различни мотивациони говорници. Целта на настаните е младите низ низата на успешни лични приказни од говорниците, да слушнат, да се мотивираат и да се поттикнат да се развиваат постојано и да го остваруваат својот сон тука, во својата земја.

За сите кои не беа присутни на настанот, може да го погледнат на следниот линк

Feed Your Brain e акција која е дел од платформата Мрдни со Прст која е граѓанска платформа, чија мисија е да поттикне акција на размислување за индивидуалната одговорност и поголема граѓанската вклученост во решавање на општествените прашања кои сите нè засегаат, бидејќи секое мало мрдање со прст придонесува за големи резултати и промени. Иницијативата започна пред повеќе од една година и секој граѓанин, граѓанска иницијатива или организација може да стане дел од неа.

Наредниот настан ќе се одржи во Тетово на 27ми март на Универзитетот Југоисточна Европа, за кој може да добиете повеќе информации на Facebook страната .


Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО