17 Мај, 2024
0.0282

Популарен туристички сектор, а само еден вработен во цела Македонија

Објавено во: Економија 25 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Најновото истражување на Рурална коалиција покажува дека во Македонија има само еден вработен во секторот селски туризам, кој е мошне популарен на ниво на Европа.

Како што беше речено на денешниот настан на кој беа промовирани резултатите од истражувањето, преку 96 отсто од сопствениците на капацитети во руралните средини не знаат дека имало стратегија и програма за рурален туризам иако овој документ е веќе истечен и бил за периодот 2012-2017 година.

Согласно последните анализи на европско ниво, руралниот туризам директно или индиректно креира над 900 илјади работни места, додека во Македонија едвај еден е вработен со платени придонеси и полно работно време во рамки на еден капацитет.

– Поради немање информации, сопствениците на капацитети за рурален туризам речиси воопшто не користат поддршка од државата па така, во последните три години, пропаднаа проектираните пет милиони денари за оваа намена што можеа да се земат преку Министерството за економија, изјави Лилјана Јоноски од Рурална коалиција.

Според неа, тоа е само еден проблем со кој се соочува секторот. Немањето инфраструктура, недоволната соработка со општините, немањето координиран пристап на локално и државно ниво, како и неисполнувањето минимум стандарди се само дел од причините, оцени Јоноски поради кои руралниот туризам се уште е на листата неразвиени стратешки гранки во земјава.

Истражувањето на Рурална коалиција,што се спроведе од 1 февруари до 31 јули годинава во сите осум плански региони, опфакајќи над 120 капацитети, покажа и дека предности за привлекување странски туристи во руралните средини се недопрената природа и евтините услуги. 

Можеби ќе ве интересира

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати