15 Мај, 2024
0.0323

Помошта од Заеви стигна во Куманово

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 07 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Помошта од пакети со основни продукти од фамилијата на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, пристигна во Куманово. Ова го објави градоначалникот Максим Димитриевски на својот официјален профил.

„Денеска во ОШЗС пристигна помош од прехрамбени пакети кои се донација од семејството Заеви за кои јавно се заблагодарувам.
- Воедно сакам да се заблагодарам за помошта и од фирмите Гранит Скопје, Делукс компијутери, Хидро компани, УПМ Груп, Рапид билдинг, 4 Инвест, Топ ауто фер од Куманово и др. физички лица од Куманово кои на општината и донираа парична помош со која ќе бидат набавени дополнителни количини на прехрамбени пакети кои ќе бидат дистрибуирани на сите социјално загрозени семејства во Општина Куманово.
- Заедно со граѓаните и пријателите на градот ќе ја победиме епидемијата“, објави Димитриевски.

Кумановскиот градоначалник Максим Димиетриевски во синоќешното јавување во „Топ тема“ рече дека тој град е оставен сам на себе.

Не се работи тука само за социјална помош и пакети. Министерството за труд и социјална политика е апсолутно отсутно. Не присуствува на ниту една седница на општинскиот штаб за заштита и спасување. Едноставно на штабовите се гледа како од второ ниво, рече Димитриевски

Семејството Заеви за време на изминатиот викенд започна да ја пакува и да ја дистрибуира помошта, а тоа беше објавено посредно преку други.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕСЕЧЕ - разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕСЕЧЕ - разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски

ПОВЕЌЕ НАРЕДБИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА БЕБЕТО ОД ВЕВЧАНИ: ОЈО прибира докази, земени се документите од „Св Еразмо“

ПОВЕЌЕ НАРЕДБИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА БЕБЕТО ОД ВЕВЧАНИ: ОЈО прибира докази, земени се документите од „Св Еразмо“