01 Мај, 2024
0.2247

Помошникот на Мијалков, Горан Грујевски, уапсен па пуштен во Загреб

Објавено во: Македонија 14 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Поранешниот помошник на шефот на тајната полиција Сашо Мијалков, Горан Грујевски вчера бил уапсен во Загреб по распишана меѓународна потерница од македонските власти но денеска бил пуштен на слобода.

Хрвстското МВР и Интерпол доставило информација до МВР вчера за приведувањето на екс началникот на Петтата управа и бегалец, како и последната информација од утрово дека тој е пуштен на слобода.

Според извори на Телма одлуката да се пушти на слобода се должи на фактот што на Грујовски му бил одобрен азил во Грција.

Тој заедно со Бошковски се главни обвинети во судскиот процес „Таргет Тврдина“, поврзан со нелегалното масовно прислушување, во времето кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт.

Грујевски беше обвинет и во случајот „Тврдина 2“, за незаконско палење документи на ДСК, доказите за нелегалното прислушување, но и во случајот „Арка“ заедно со Сашо Мијалков и Небојша Стајковиќ за нелегално снабдување со опрема за прислушување од Велика Британија.

Тој е во бегство од 26 јули 2017 година кога требаше да оди во притвор, но полицијата не го најде дома.
Грујевски и Бошковски избегаа  по донесувањето на решението за притвор од Апелациониот суд . Наместо да ги испрати во Шутка, како што објави КланМ, судот им даде рок од една недела да се жалат до Врховниот суд.Тоа го искористија двајцата   за да избегаат од земјава.

Граничната полиција на Македонија го ослободи Грујевски со идентитет и пасош на неговиот колега Владимир Варелов, исто така обвинет во случајот „Таргет-Тврдина“.

Грујевски и Бошковски, како што соопшти КланМ, биле уапсени на 18 октомври 2017 година на аеродромот во Солун со лажни бугарски пасоши, под имињата Нексби Асан и Христо Атанасов. Во меѓувреме и двајцата побараа политички азил во Грција.


Можеби ќе ве интересира

Починатата девојка во Штип била ќерка на жената која уби и запали маж во Кавадарци

Починатата девојка во Штип била ќерка на жената која уби и запали маж во Кавадарци

Еден од најпознатите македонски специјалисти на митинг на ВМРО-ДПМНЕ

Еден од најпознатите македонски специјалисти на митинг на ВМРО-ДПМНЕ

Силјановска Давкова: Мојот сопруг се однесува како тој на Ангела Меркел

Силјановска Давкова: Мојот сопруг се однесува како тој на Ангела Меркел

Мандатот за составување Влада ќе го дава новоизбраниот претседател

Мандатот за составување Влада ќе го дава новоизбраниот претседател

Ковачевски го одби условот на Димитриевски за коалицирање: Ние не сме човек-партија

Ковачевски го одби условот на Димитриевски за коалицирање: Ние не сме човек-партија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски