ПОЛИЦИЈАТА ГИ БАРА: Притвор за Нефи Усеини и брат му
Објавено во: Македонија 20 Август, 2020
Основниот суд во Охрид го прифати предлогот на обвинителството и им одреди притвор на бизнисменот и советник во општина Охрид од редовите на ДУИ, Нефи Усеини и на неговиот брат за тепачката во Охрид.
Нив им е одреден осумдневен притвор, но и двајцата се недостапни на полицијата и се трага по нив.
Полицијата завчера извршила престрес во нивните домовите и се преземаат мерки за нивно пронаоѓање.
СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Усеини и неговиот брат поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „неовластено држење на оружје или распрскувачки материјали“ за инцидентот што се случи во хотел во центaрот на Охрид, каде беше нападнат охриѓанецот Спирко Топалоски.