17 Мај, 2024
0.1029

Пофалени координаторите за регионална економска соработка

Објавено во: Економија 03 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Во пресрет на одржувањето на Самитот на министрите за економија, кој ќе се одржи на 5 јули 2018 година во Виена, Австрија, како дел од „Берлинскиот процес“ и Самитот во Лондон следната недела, Коморскиот инвестициски форум ги сумираше заклучоците од постигнатите резултати една година по усвојувањето на Повеќегодишниот акциски план за спроведување на Регионалната економска област, и отворањето на Секретаријатот на Коморскиот инвестициски форум во Трст.

Создавањето на целосно функционална Регионална економска област е најважната цел на „Берлинскиот процес“ и цел чие остварување бизнис заедницата од регионот, претставена од Коморскиот инвестициски форум, со нетрпение го чека, со оглед на тоа дека таа би го направила регионот поконкурентен на глобалната инвестициска мапа и би го овозможила потребниот економски раст, а со тоа ќе донесе стабилност и развој. Оваа цел е поткрепена и со минатогодишната студија на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, која покажува дека доколку мерките за регионална интеграција бидат спроведени, растот во регионот во периодот 2018–2022година би бил повисок од 4% годишно, што ќе резултира со 15-17 милијарди САД долари  повеќе во номиналниот БДП, регионално, со тенденција за понатамошен раст дури и по 2022 година.

Од Стопанската комора на Македонија, која е еден од основачите на Коморскиот инвестициски форум, посочуваат дека се поздравува напредокот што до сега беше постигнат во имплементацијата на Повеќегодишниот акциски план за спроведување на Регионалната економска област, особено назначувањето на координатори за регионална економска соработка во рамките на кабинетите на премиерите, напредокот постигнат во насока на усвојување и спроведување на сите протоколи на ЦЕФТА, напредокот постигнат во овозможувањето воведување електронски документи со цел да се намали времето на чекање на камионите во регионот, напредокот постигнат со признавањето на квалификациите во рамките на регионот. Сепак, посочуваат дека, претставувајќи ја бизнис заедницата во регионот, потребен е реален напредок во регионалната економска интеграција, која ќе донесе видливи придобивки за бизнисите

- Свесни сме дека е потребно време за да се почувствуваат резултатите од инфраструктурниот развој, промената на регулаторната рамка, зацврстувањето на владеењето на правото, градењето доверба и на функционални односи меѓу владините институции. Сепак, за да може процесот на регионална економска интеграција целосно да се спроведува, владите во регионот треба активно да учествуваат во планирањето и спроведувањето на агендата за регионална соработка, при што ќе ги земат предвид моменталните фази на усогласување со регулативата на ЕУ и нејзината имплементација, сè уште кревките политички односи во регионот и различните нивоа на економски развој, - посочува Бранко Азески, заменик-претседател на Коморскиот инвестициски Форум и претседател на Стопанската комора на Македонија.

Агендата за регионална соработка треба да биде резултат на заемно признаени интереси на сите регионални засегнати страни, при што ќе се адресираат развојните приоритети на секое стопанство и ќе се стават во контекст на регионален развој со цел да се создаде економска област што ќе биде конкурентна на глобално ниво.

Формулирани се конкретни препораки, како придонес на бизнис заедницата од регионот за поефикасна имплементација на проектите кои се од важност за економскиот просперитет на регионот, кои од страна на Коморскиот инвестициски форум ќе бидат претставени на состанокот што ќе се одржи во четврток (5 јули 2018 година).


Можеби ќе ве интересира

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија