29 Април, 2024
0.0288

ПОЕВТИНО И ПОЕКОЛОШКИ: Колку заштедува возењето на плин?

Објавено во: Економија 11 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Околу 25 илјади македонски возачи, со почетна инвестиција од 300 до 700 евра за инсталирање на плински уред во возилата, се префрлија од дизел и бензин на автогас. Возењето на течен нафтен гас (ТНГ) најмногу се поистоветува со желбата да се заштеди некој денар плус во споредба со употребата на бензин бидејќи е речиси двојно поевтин. Но, автогасот има и друга предност, тоа е многу почисто и поеколошко гориво, што е особено важно во градските средини, каде има голема концентрација на возила и отежнат проток на сообраќајот, со што дополнително се загадува воздухот.

Дека македонските возачи се повеќе возат на автоплин покажува извештајот на Регулаторната комисија за енергетика за потрошувачката на овој енергент. Така ако во 2013 година македонските возачи потрошиле вкупно 48.342 тони течен нафтен гас, лани во 2016 година на домашните бензински пумпи се продадени 76.150 тони автогас. Ова е раст од 57 отсто на потрошувачката за четири години. Инаку, во потрошувачката на нафтените деривати во земјава доминираат дизел горивата со 64,31 отсто, безоловните бензини имаат учество од 11,67 отсто, а течниот нафтен гас само 8,52 отсто.

Главната инвестиција за замена на погонското гориво на автомобилот е купувањето и инсталирањето на гасен уред. Просечната цена на еден гасен уред кој ги задоволува сите стандарди и регулативи е околу 500 еврa.

- Многу е важно тој да се монтира и да се постави правилно и за тоа е потребно да се ангажира соодветно обучен мајстор. Моќноста на автомобилот, исто така, опаѓа при работа на гас, но при правилна монтажа и поставување, овој пад е занемарлив- велат во еден домашен сервис за вградување уреди за автогас.

А, колку ќе се заштеди најмногу зависи од бројот на минати километри. Влијае и цената на вградување на системот, кој е поевтин ако се работи за постари модели на возила каде што има карбураторски систем, и оној поскапиот кога се работи за возилата со директно вшприцување. Потрошувачката кај поновите модели е помала и најчесто е иста со потрошувачката на бензин, додека кај постарите модели потрошувачката на автоплин е за 20-30 отсто поголема. Од друга страна цената на литар гас е половина пониска од таа на бензинот, односно сега се движи околу 30 денари.

Колку се заштедува и за колку време се исплаќа вградувањето на автомобилски гасен уред кој ги задоволува сите прописи станува појасно ако се направи една едноставна математика. Значи, ако еден автомобил троши во просек 10 литри бензин на поминати 100 километри, на гас потрошувачката се зголемува до 11,5 до 12 литри на 100 километри. Ако се земат во предвид цените на бензинот и на гасот, излегува дека ќе плаќате половина помалку ако имате автомобилски гасен уред. Ако во просек годишно поминете 15.000 километри и се претпостави дека цената на бензинот е околу 60 денари за литар, излегува дека за една година ќе исплати и најскапиот уред за автогас. Односно за бензин ќе потрошите 90.000 денари или 1.500 евра, а за ТНГ 54.000 денари или 880 евра. Разликата, или заштедата е околу 600 евра, или колку цената на гасниот уред.

Како и да се погледне, возењето на гас е доста поволно, но постојат и проблеми. Употребата на автомобилски гасен уред бара поголема внимателност, товарниот простор се намалува, а при неправилна инсталација може и да има потешкотии со работата на моторот.

(М.Б.)

Можеби ќе ве интересира

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега