19 Мај, 2024
0.0275

Почнува со работа универзалниот снабдувач на електрична енергија ЕВН Хомe

Објавено во: Мои пари 01 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Од денес и официјално стартува со работа универзалниот снабдувач на електрична енергија ЕВН Хоме. Новооформената компанија ќе ги снабдува со електрична енергија корисниците кои не избрале снабдувач на либерализираниот пазар. Поточно, отсега ЕВН Хоме ќе ги опслужува сите домаќинства и бизниси со помалку од 50 вработени и вкупен годишен приход помал од 2 милиони евра кои не избрале свој снабдувач.

ЕВН беше избрана како најповолен понудувач на јавно наддавање и како универзален снабдувач на регулираниот пазар ќе работи според фиксна маржа дефинирана од тендерската процедура во наредните 5 години.

Корисниците на ЕВН Хоме ќе продолжат да ги добиваат истите услуги како и досега, користејќи ги истите поволности, дополнителни услуги и канали за комуникација.

На располагање и понатаму им стои контакт центарот на три јазици и 24 часа дневно, приемните канцеларии во Корисничките енерго центри низ државата како и сите наплатни места. За сите прашања и потребни информации и услуги тие ќе може да се обратат на:

веб: www.evn.mk

онлајн услуги: www.evnonline.mk

мејл:info@evn.mk

телефон: 089 089 089

адреса: 11 Октомври бр. 9, 1000 Скопје

Компанијата ќе продолжи да го користи истото лого и визуелен идентитет на ЕВН.

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО