17 Мај, 2024
0.0759

Почнува гласањето за најдобрата #ФотоНаНеделата – Најпопуларната Инстаграм акција во Македонија

Објавено во: Мои пари 04 Март, 2016

Добивај вести на Viber

оне.Вип го објавува почетокот на гласањето за најдобрите фотографии на #ФотоНаНеделата – најбрзорастечки хаштаг во Македонија на кој веќе една година, љубителите на малите фотографии, пасионираните инстаграмџии секојденвно ги тагираат своите најдобри фотографии на Инстаграм.

Гласањето е овозможено на http://fotonanedelata.mk/, каде што секој може да се пристапи со Инстаграм илиФејсбук профили да гласа за својот фаворит до 20 март 2016г.

На завршната изложба која ќе се одржи на 24 март 2016г., во Concept37, е бидат изложени фотографиите на сите 54 победници, а за првпат ќе бидат доделени четири награди и тоа за: најдобра фотографија изгласана од публика, најдобра фотографија избрана од посетителите на настанот, најдобра фотографија избрана од жирито и најдобра фотографија на годината (вкупна награда како збир од сите три горенаведени начини на гласање).

Проектот #ФотоНаНеделата започна кон средината на февруари минатата година и успеа да привлече повеќе од 2.500инстаграмџии кои на своите профили досега објавија, без малку, 39.000  фотографии со овој хаштаг, а со тоа го направија  #ФотоНаНеделата  еден од најпопуларните проекти на социјалните медиуми во Македонија.

Основната идеја на овој проект е промоција на Инстаграм заедницата во Македонија која постојано креира вистинска фото уметност. Досега на блогот на ЏаБест направени се 54 интервјуа на инстаграмџии чии фотографии заслужено го добија епитетот #ФотоНаНеделата.

Овој проект не остана незабележан ниту во регионот,  па така на регионалниот маркетинг настан “WeekendMediaFestival“ во Ровињ, во конкуренција од 128 пријавени кандидати од целиот регион,  #ФотоНаНеделата беше награден со SoMoBorac статуетка како финалист во категоријата SoMustHave за најдобра комуникација на Инстаграм и блог.

За гласање и повеќе информации заинтересираните можат да пристапат на http://fotonanedelata.mk/

Можеби ќе ве интересира

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени