ПОЧИНА ВО КАМИОНОТ: Виетнамка тргнала во Англија по подобар живот
Објавено во: Свет 25 Октомври, 2019
Девојка од Виетнам која најверојатно била во камионот во Англија каде беа најдени мртви тела, пред да почине им пишала на блиските.
„Прости ми мамо, умирам, не можам да дишам“, напишала таа.
Шест виетнамски семејства се плашат дека нивни роднини се меѓу жртвите. Полицијата претходно објави дека станува збор за Кинези, но подоцна се огради од споделување на информации за националноста на жртвите.
Осум жени и 31 маж се пронајдени мртви, а една од нив веројатно е и 26-годишната Виетнамка Фам Таи Тра Мај. Семејството тврди дека девојката на крумчарите им платила 30.000 фунти за патот од Кина, во потрага по подобар живот. Брачен пар денеска е приведен по претрес во домот и тие се осомничени за убиство и трговија со луѓе. Вечерва е приведено уште едно лице, а возачот на камионот уште од средата се наоѓа во притвор.