16 Мај, 2024
0.0439

ПОБАРУВАЧКА НА НАФТА: Каде и за колку ќе се намали?

Објавено во: Економија 08 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Во иднина побарувачката на нафта ќе опаѓа.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) oбјави дека глобалната побарувачка за нафта постепено ќе се намалува. Сепак, фосилните горива и во иднина ќе бидат главен извор на енергија.

ОПЕК прогнозира дека глобалната годишна просечна побарувачка од 1,3 милиони барели дневно меѓу 2016 и 2020 година, ќе се намали на 300.000 барели дневно до 2035-2040 година.

Во објавениот редовен годишен извештај, ОПЕК наведе дека обновливата енергија ќе има најбрз раст, но дека уделот во вкупната енергија ќе биде под 5,5% до 2040 година.

Прогнозата за „ОПЕК“ е дека побарувачката за нафта во развиените земји ќе се намали за речиси 9 милиони барели дневно до 2040-та година, а во новите економии ќе порасне за 24 милиони барели дневно. 

Фосилните горива, кои претставуваат 81% од изворите на енергија во 2015 година, до 2040 година ќе паднат на 74%. 

Производството на нафта и кондензати во САД до 2022 година ќе се зголеми за 3,8 милиони барели на 16,1 милион барели, со што САД ќе стане најголем светски производител на „црното злато“.

За Русија, до 2022 година, приносот се очекува да порасне за само 0,2 милиони барели до 11,3 милиони барели до 2022 година и пад на 11 милиони барели дневно до 2040 година.

Можеби ќе ве интересира

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор