10 Мај, 2024
0.0301

Плус пари за осум клучки за автопатот Кичево - Охрид

Објавено во: Финансии 19 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Во моментот се преговара за дополнителните активности и средства кои не биле предвидени со проектот за изградба на автопатот Кичево - Охрид, како што се клучките, споредните патишта и довршувањето на тунелот. Според проценките, изградбата на клучките би чинела околу 30 милиони евра, а во следниот период, како што најави Китанов, акцентот ќе биде ставен на косините после тунелот кои се во должина од осум милиони метри кубни.

Директорот на јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов очекува дека за околу еден месец ќе се знае уште колку точно средства ќе бидат потребни за изградба на овој автопат.

– Треба да изградиме минимум осум клучки коишто ќе ги опслужуваат луѓето од Кичево до Охрид. Како што е сега проектиран патот, од Кичево до Охрид не ќе може ниту да се качите, ниту да се симнете. Мора да има сервисни патишта – изјави Китанов.

Ќе биде побарано и од Парламентот да се пренаменат од една во друга ставка 220 милиони евра од заемот од Ексим банка кои сега стојат на располагање, но не може да се искористат.

Во завршна фаза е и експропријацијата од првичната траса, но со дополнителните активности се очекува да се појават и нови експропријации.


Можеби ќе ве интересира

Повеќе од три милиони клиенти, двојно поголем биланс и една милијарда евра добивка до 2030 година

Повеќе од три милиони клиенти, двојно поголем биланс и една милијарда евра добивка до 2030 година

ТВРДОГЛАВИОТ ДОЛАР ИМ ЈА „КРАДЕ“ ЗАРАБОТКАТА НА АМЕРИКАНСКИТЕ КОМПАНИИ: еве зошто останува „омилена“ валута

ТВРДОГЛАВИОТ ДОЛАР ИМ ЈА „КРАДЕ“ ЗАРАБОТКАТА НА АМЕРИКАНСКИТЕ КОМПАНИИ: еве зошто останува „омилена“ валута

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!

ЌЕ РАСТАТ ПЛАТИТЕ НА ХРВАТСКИТЕ МИНИСТРИ - еве колкави се и во другите земји

ЌЕ РАСТАТ ПЛАТИТЕ НА ХРВАТСКИТЕ МИНИСТРИ - еве колкави се и во другите земји

СЕ ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ ГИ КОРИСТАТ КАРТИЧКИТЕ И ЗА СТАВАЊЕ ПАРИ НА СМЕТКА – расте учеството на пластиката во секојдневните активности на граѓаните

СЕ ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ ГИ КОРИСТАТ КАРТИЧКИТЕ И ЗА СТАВАЊЕ ПАРИ НА СМЕТКА – расте учеството на пластиката во секојдневните активности на граѓаните

ЗА ЕДНА ГОДИНА СЕ ДУПЛИРАЛ БРОЈОТ НА МИЛИЈАРДЕРИ ВО СВЕТОТ НА КРИПТОВАЛУТИТЕ: Најбогатите одат во затвор

ЗА ЕДНА ГОДИНА СЕ ДУПЛИРАЛ БРОЈОТ НА МИЛИЈАРДЕРИ ВО СВЕТОТ НА КРИПТОВАЛУТИТЕ: Најбогатите одат во затвор

КАКО ПРОПАДНА БОИНГ! Градеа репутација со децении, а потоа им дојде овој авион! Кошмарот продолжува, загуби во милијарди

КАКО ПРОПАДНА БОИНГ! Градеа репутација со децении, а потоа им дојде овој авион! Кошмарот продолжува, загуби во милијарди