18 Мај, 2024
0.2382

Плановите на Русија да ја заобиколи Украина за транзит на гас – скап зафат

Објавено во: Свет 17 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Плановите на Русија да ја заобиколи Украина како рута за транзит на природен гас за Европа ќе чинат скапо, пишува интернет изданието EurActiv.com, повикувајќи се на извори од индустријата. Само трошоците за годишните транзитни такси за "Газпром" преку Бугарија и Словачка може да достигнат 1 милијарда долари, наведува весникот. Москва сака да ја заобиколи Украина како транзитна дестинација заради ценовниот спор, кој стигна и до Арбитражниот суд во Стокхолм, потсетува весникот. Споровите за цените на рускиот гас за Украина на неколку пати ги запираа испораките за Европа. Нови прекини сепак исто така ќе се покажат премногу скапи за рускиот снабдувач. Милијарди ќе бидат потребни за изградба и проширување на алтернативни правци на снабдување на сино гориво од Русија за Европа. "Гаспром" освен тоа ќе треба да плаќа транзитни такси на Бугарија и Словачка, дури и ако Русија успее да ја заобиколи Украина до 2020 година, поради склучените долгорочни договори односно до 2030 година и 2028 година. Маршутата преку Словачка освен тоа е од клучно значење за гас поток кон некои од најголемите клиенти на "Гаспром" - Италија и Германија. "Ова е најголемиот проблем - никој не знае што да прави со овој договор коментира извор од "Гаспром". Словачката компанија Eustream пријави приходи во износ од 630 милиони евра во минатата година, додека во 2013 година приходите достигнаа 697 милиони евра. Поголемиот дел од приходите доаѓаат од "Гаспром". Други околу 90 милиони евра се плаќаат на бугарската "Булгартрансгаз". Собраните транзитни такси од двете страни се практично исти, наведува весникот. Државната компанија за гас на Украина - "Нафтогас", заработила околу 2 милијарди долари од транзитни такси од "Гаспром" минатата година. Тоа е околу 6 отсто од приходите во буџетот на Украина. Геополитичка загриженост Плановите на "Газпром" да го избегне транзитот на сино гориво во Украина го поставија во центарот изградбата на гасоводот "Турски поток", кој поминува под Црното Море и потоа преку територијата на Турција. Русија сеуште не располага со солиден договор со Анкара за проектот, прогласен од рускиот претседател Владимир Путин во декември и пречекан со непријателство од страна на Европската унија (ЕУ). "Гаспром", кој генерира околу 8% од бруто домашниот производ (БДП) на Русија, ги утврди трошоците за првата линија на гасоводот на 3,3 милијарди евра. Објектот треба да се состои од четири цевки, секоја со годишен капацитет од 15,75 милијарди. кубни метри. Проширувањето на "Северен поток" преку Балтичко Море, што беше лансирано минатиот месец, се пресметува на 9,9 милијарди евра. "Очигледно е дека од економска гледна точка сето тоа изгледа неразумно. Но, овие трошоци може и да се разгледуваат како инвестиција, со цел намалување на транзитните ризици ", коментира Андреј Полишчук, аналитичар во Рајфајзен банк. Експертот Михаил Корчемкин сепак нагласува дека "Газпром" потрошил 43 долари за транзит на секој 1 000 кубни метри сино гориво во "Северен поток" минатата година, додека потрошувачката за транзит преку Украина е 33 долари. Сметаме дека нашата транзитна рута е најдиректна и најевтината", коментира и Осмоловска, портпарол на" Нафтогас ". Некои аналитичари се сомневаат дека "Гаспром" ќе успее целосно да ја заобиколи Украина до 2020 година бидејќи се уште не е започнато ставањето на цевките по дното на Црното Море за "Турски поток". Покрај тоа, договорот со италијанската Saipem за градењето на врската беше откажан. "Гаспром" ги откупи и акциите на европските партнери Eni, EDF и Wintershall во компанијата за укинатата проектот "Јужен поток" за околу 1 милијарда долари. Поради санкциите против Русија сепак на компанијата ќе и биде тешко да најде западни партнери за реализација на проектите за цевководи. Минатиот месец, главниот извршен директор на "Газпром" Алексеј Милер коментира дека компанијата е подготвена да преговара за да продолжи да транзитирање гас преку територијата на Украина. Минатата година во Украина се доставени речиси 60 милијарди кубни метри руски гас за Европа, што е 40% од извозот на рускиот државен гигант. "Целосно заобиколување на Украина како транзитна рута во моментов е сомнително", коментира Валери Нестеров, аналитичар од Сбербанк. Според него до 5-10 години односите со Киев ќе се стабилизира и некои од транзитните текови ќе бидат задржани.

Можеби ќе ве интересира

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто