19 Мај, 2024
0.0347

Петок 13-ти – Разни суеверија и страв ширум светот

Објавено во: Стил 13 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Страв, многу суеверија и постојана анксиозност носи „црниот петок“ 13-ти. Многумина одбиваат да патуваат, особено да летаат со авион, одлагаат обврски и се стремат да не преземаат ништо на фаталниот ден. Постојат неколку хипотези за „оцрнување“ на денот: * На тајната вечера присуствувале 13 луѓе - Исус и 12-те апостоли. И до ден денес кај многу народи постои верување дека 13 души не седнуваат заедно на маса. Предавникот Јуда дошол последен, тринаесети. Други потсетуваат дека Исус Христос е распнат токму на денот петок. * Суеверието најверојатно има врска и со лунарно-соларниот календар, кој треба да има по 13 месеци во некои години, додека Грегоријанскиот и лунарниот исламски календар секогаш имаат по 12 месеци во годината. * Според други лошата слава на петок 13 се должи на еден древен скандинавски мит. 12 богови празнувале во Валхала, домот на богот Один. Палав бог на злото и оганот Локи налетал како непоканет гостин на прославата на 13-и и подмолно го убил со стрела од имела богот на радоста Балдер. Земјата веднаш потонала во мрак. * Во поново време јасно се издвојува датумот 13 октомври 1307 година, кога по наредба на францускиот крал Филип IV и папата Климент V се апсат Жак де Мол, Големиот мајстор на Орденот на темпларите и илјадници рицари од орденот. Подложени на ужасни мачења, тие признале за обвиненијата за ерес, бестијалност и секакви други злосторства. Стотици биле изгорени на клада, други биле егзекутирани подоцна. Од тој ден па натаму петок 13 и е сметан за лош и несреќен ден од следбениците на темпларите. * Во древен Рим магионичарите се собирале во групи од 12. Верувале дека 13-иот во групата е самиот ѓавол. * Според нумеролозите бројката 13  „страда“ поради неговата позиција после 12. Има 12 месеци во годината, 12 Хороскопски знаци, 12 богови на Олимп, 12 племиња на Израел, 12 апостоли на Исус. Во картите Тарот 13 е картата на смртта. Стравот од бројот 13 е силен и денес. Повеќе од 80% од високите згради немаат 13-ти кат. Многу аеродроми ја пропуштаат 13-та писта. Немалку хотели се без 13-кат или 13-а соба. Во Формула 1 нема болид со број 13. Улиците во Фиренца немаат број 13. 12 и пол или 12а звучи доста нестресно. Пресметано е дека на овој ден во САД бизнисмените губат помеѓу 800 и 900 милиони долари, бидејќи многу луѓе едноставно не одат на работа. Доналд Доси, основач на Центарот за управување на стресот и Институтот по фобии во Ешвил, Северна Каролина, вели дека стравот од петок 13-ти измачува помеѓу 17 и 21 милиони Американци. Симптомите варираат од умерената тревога до тотална паника. Психолозите докажале дека луѓето кои се сметаат за несреќни, е поверојатно да веруваат во суеверија поврзани со лошата среќа. Една четвртина од испитаниците го поврзуваат бројот 13 со лошата среќа. Токму оваа група луѓе е најверојатно да бидат вознемирени во денови како петок, 13-ти.

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“