Петков за Македонија: Ништо во овој живот не се прави со пароли, туку со работа
Објавено во: Македонија 16 Ноември, 2021
Историјата да не биде единствен критериум за членство на Северна Македонија во ЕУ, порача копретседателот на коалицијата „Промената продолжува“ Кирил Петков, што победи на парламентарните избори во Бугарија.
Вели дека не треба да се урне целиот процес на добрососедството со Македонија. Петков кажа дека за решавање на прашањето потребно е да се направат правилни работни групи во кои, освен историчари, ќе влезат луѓе од бизнисот, културата, инфраструктурата.
„Ништо во овој живот не се прави со пароли, туку со работа, а за тоа е потребен тим“, вели тој.
Петков негира дека има притисоци од страна. Вели дека единствен начин да ги убедат да сторат нешто е ако тоа е добро за Бугарија. Петков рече дека на друг начин не можат да влијаат. Претходно, се споменуваше дека Франција и Холандија вршат притисок земјава да почне преговори.