Петар Атанасов планира да формира политичка партија
Објавено во: Македонија 24 Декември, 2021
Екс заменик-министерот за образование и долгогодишен член на СДСМ, Петар Атанасов, планира да создаде нова партија на македонската политичка сцена.
„Сакам да формирам нова политичка партија, политичко движење со луѓе блиски до мене. Тоа секако треба да развие една активност, а понатаму тоа како ќе оди не знаел во моментов. Мислам дека граѓаните и државата чувствуваат потреба од една политичка сила која ќе понуди нешто различно од овие 3 големи партии, кои 30 години владеат, а ние живееме се полошо“, вели Атанасов во изјава за ТВ Канал 5.
Тој не открива информации кои имиња ќе бидат дел од неговиот тим.