Пендаровски: Во Владата очекувам луѓе со чисти антикорупциски записи
Објавено во: Македонија 27 Август, 2020
Очекувам да видам луѓе со силни проевропски и демократски капацитети, со чисти антикорупциски записи, вели претседателот Стево Пендаровски, коментирајќи во фесјбук статус за новата Влада на Македонија
„ Новата Влада на република Северна Макеоднија треба целосно да ја спроведе ЕУ агендата во клучните области. Основниот предуслов за успех е да се соберат највештите личности, без оглед на нивната политичка или етничка припадност.
Очекувам да видам луѓе со силни проевропски и демократски капацитети, со чисти антикорупциски записи, вели Пендаровски.
„Регионот има потреба од европска перспектива и соработка за клучните прашања за неговата стабилност и безбедност. Во време на лажни вести, хибридни кампањи, добра вест е што станавме членка на НАТО, со здружени капацитети да можеме да се справуваме со дезинформациит“, вели Пендаровски.
За составот на владата на мандатарот Зоран Заев ќе се гласа во сабота во Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, а лидерот на СДСМ веќе го објави кадровскиот состав на својот иден министерски кабинет, во кој нема поголеми измени од претходната негава влада.