16 Мај, 2024
0.0470

Пендаровски побара судска разрешница за автобуската несреќа

Објавено во: Македонија 22 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Претседателот Стево Пендаровски во своето предновогодишно обраќање во Собранието побара судска разрешница за автобуската несреќа во Бугарија во која загинаа 45 лица на враќање од Истанбул.

„Серијата на ужасни трагедии и лични трауми да ја пробудат одговорноста, затоа што нема ништо повредно од губењето на човечкиот живот кога има системски пропусти и прекршени правила.

Меѓу граѓаните владее чувство дека расте културата на неказнивост. Големата автобуска несреќа е само последниот во низата вакви случаи. Доколку ваквите случаи не добијат завршница во разумен рок, недовербата на граѓаните ќе расте.

Миграцијата не е предизвикана само од егзистенцијални причини, туку и од квалитетот на животот, односно одат онаму каде што има правда“, рече Пендаровски.

Тој се осврна и на односите со Бугарија и блокадата од соседот на евроинтеграциите на земјата.

„Една теза е дека спроведуваме системска дебугаризација, што е сериозно обвинување. Акцентот на сегашните односи да го пренесеме од минатото во сегашноста. Коридорот 8 никогаш не стана конкурентен на Коридорот 10“, спомена меѓудругото Пендаровски.

Дестабилизација не е можна, но можно е демократско уназадување и авторитарно владеење, предупреди Пендаровски за можноста дека блокадата временски би можела да потрае.

Пендаровски додаде дека за над 20 проценти за само две години бележи пад поддршката на евроинтеграцијата од страна на граѓаните.

- Очекувам новата влада час поскоро да се насочи кон реалните проблеми со пандемијата и енергетиката, наведе претседателот.

Ја поздрави и одлуката за оставка на премиерот Зоран Заев како демократски чин.

- Тоа е неспорен чин што треба да се поздрави. Сакале или не, политиката е дел од напшите животи, но никогаш не смее да стане се во нашите животи, порача Пендаровски.

Шефот на државата побара департизацијата на безбедносните служби и на армијата. 

- Ќе мора да се определат или за едното, или за другото, рече тој.


Можеби ќе ве интересира

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање

ЈОВАНА МОЈСОСКА ОД ЛЕВИЦА СО ПОРАКА ЗА ТАРАВАРИ: Ако ги слуша барањата на ЕУ, ќе бара и укинување на Рамковниот балансер

ЈОВАНА МОЈСОСКА ОД ЛЕВИЦА СО ПОРАКА ЗА ТАРАВАРИ: Ако ги слуша барањата на ЕУ, ќе бара и укинување на Рамковниот балансер

„ОБИДОТ ДА СЕ РЕШАТ ДВЕТЕ КЛУЧНИ ПРАШАЊА ВО ЕДЕН МАНДАТ Е ТЕШКА ГРЕШКА“: слушнете го ставот на Бранко Азески во „Бизнис Муабети“

„ОБИДОТ ДА СЕ РЕШАТ ДВЕТЕ КЛУЧНИ ПРАШАЊА ВО ЕДЕН МАНДАТ Е ТЕШКА ГРЕШКА“: слушнете го ставот на Бранко Азески во „Бизнис Муабети“

ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ ПРИБИРА И АНАЛИЗИРА ДОКАЗИ ЗА ПАЛЧО, НО ТИЕ НЕМА ДА СЕ СПОДЕЛАТ СО ЈАВНОСТА - првата ноќ во затворот тој ја поминал мирно

ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ ПРИБИРА И АНАЛИЗИРА ДОКАЗИ ЗА ПАЛЧО, НО ТИЕ НЕМА ДА СЕ СПОДЕЛАТ СО ЈАВНОСТА - првата ноќ во затворот тој ја поминал мирно

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ ќе бараат гаранции за уставни измени?

ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ ќе бараат гаранции за уставни измени?

СЕ ОБЕСИЛ ВО ПРИТВОРОТ КАДЕ ИМАЛО УШТЕ ЕДЕН ПРИТВОРЕНИК: Притвореникот кој си ги уби сестрата и внукот во кумановски Габреш си го одзема животот

СЕ ОБЕСИЛ ВО ПРИТВОРОТ КАДЕ ИМАЛО УШТЕ ЕДЕН ПРИТВОРЕНИК: Притвореникот кој си ги уби сестрата и внукот во кумановски Габреш си го одзема животот