16 Мај, 2024
0.0319

ПЕНДАРОВСКИ: Ќе ги помилувам новинарите Момировски и Милосављевиќ доколку судот пресуди дека се виновни за оддавање државна тајна

Објавено во: Македонија 24 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Доколку во евентулнта судска постапка што би се водела против новинарите Горан Момировски и Драган Милосављевиќ, дека наводно откриле државна тајна, претседателот Стево Пендаровски е подготвен да ги помилува. Ова тој го откри во своето вчерашно гостување во емисијата Само интервју на Канал 5 Телевизија. 

На прашањето на новинарот Гоце Михајловски што мисли за тужбата што ја поднесе Агенцијата за разузнавање за новинарите Горан Момировски и Драган Милосављевиќ, дали на ваков нчин се штити националната безбедност или се прави притисок врз новинарите и се заташкуваат сознанијата што тие ги објавуваат, Пендаровски беше дециден дека никогаш не одобрувал државен орган да тужи новинр. 

На забелешката дека таа Агенција е под негова надлежност, тој со одговор.

„Знам за тој иницијлен предлог. Меѓутоа, луѓето во Агенцијата ме убедија дека таму постојат, наводно, без да навлегувам во детали и воопшто не сакам да го прејудицирам натамошното обвинителско и судско постапување, ме убдија дека наводно со тие известувања на новинарите се пробиени службени државни тајни. Не знам дали тоа е точно. Јас ја гледав емисијата и го имам ставот, но не смеам да ги кажам тие работи, јас ги знам и информациите кои се изнесени, бидејќи јас сум првиот корисник на сите тие информации“, рече Пендаровски. 

На прашањто дали сега треба да одат во затвор новинарите 10 години бидејќи објавиле информации, шефот на државата беше дециден дека тој ќе ги помилува, доколку не се докаже дека откриле страшна тајна со која би се нарушила безбедноста на државта.

„Прво, не сакм да кажувам дали се прекршени закон или не. Од Агенцијата ми рекоа - овде се пробиени државни и службени тајни. Нека утврди судот. Но јас, прво не сум за тоа да се тужат. Ако стварно го направиле ова, тоа не е добро, бидејќи може да се поткопа националната безбедност. Трето, ако судот на крај утврди дека навистина не се виновни, за нив ќе биде подобро - ќе речат - еве безпредметно бевме изложени на политички притисок од Агенцијата. Тогаш ние ќе се свртиме кон Агенцијата и ќе речеме зошто ова сте го направиле, кога не пробиле никаква државна тајна. Но, ако судот оцени дека овие двајца новинари се кабает, јас ви кажувам дека јас ум подготвен, ако не станува збор за не знам каква информација од национално витално начење која може да ја растури државната безбедност, јас сум спремен да ги помилувам двајцата новинари. Јас не сакам да ни де повтори Томче Кежаровски, зборувам теоретски. Тој беше обвинет дека објавил заштитетн сведок, а на крај се покажа дека ниту го објавил, ниту бил заштитен“, рече Пендаровски, додавајќи дека има право да помилува било кого пред да влезе во затвор.

Можеби ќе ве интересира

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање

ЈОВАНА МОЈСОСКА ОД ЛЕВИЦА СО ПОРАКА ЗА ТАРАВАРИ: Ако ги слуша барањата на ЕУ, ќе бара и укинување на Рамковниот балансер

ЈОВАНА МОЈСОСКА ОД ЛЕВИЦА СО ПОРАКА ЗА ТАРАВАРИ: Ако ги слуша барањата на ЕУ, ќе бара и укинување на Рамковниот балансер

„ОБИДОТ ДА СЕ РЕШАТ ДВЕТЕ КЛУЧНИ ПРАШАЊА ВО ЕДЕН МАНДАТ Е ТЕШКА ГРЕШКА“: слушнете го ставот на Бранко Азески во „Бизнис Муабети“

„ОБИДОТ ДА СЕ РЕШАТ ДВЕТЕ КЛУЧНИ ПРАШАЊА ВО ЕДЕН МАНДАТ Е ТЕШКА ГРЕШКА“: слушнете го ставот на Бранко Азески во „Бизнис Муабети“

ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ ПРИБИРА И АНАЛИЗИРА ДОКАЗИ ЗА ПАЛЧО, НО ТИЕ НЕМА ДА СЕ СПОДЕЛАТ СО ЈАВНОСТА - првата ноќ во затворот тој ја поминал мирно

ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ ПРИБИРА И АНАЛИЗИРА ДОКАЗИ ЗА ПАЛЧО, НО ТИЕ НЕМА ДА СЕ СПОДЕЛАТ СО ЈАВНОСТА - првата ноќ во затворот тој ја поминал мирно

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ ќе бараат гаранции за уставни измени?

ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ ќе бараат гаранции за уставни измени?