ПЕНДАРОВСКИ ИМ ПОРАЧА НА ЛИДЕРИТЕ: Најдете датум за избори или не чека тешка политичка криза
Објавено во: Македонија 12 Јуни, 2020
Претседателот
Стево Пендаровски денеска им
порача на лидерите на партиите да седнат уште денеска на заедничка маса и да најдат решение за
надминување на личните интереси, во интерес на државните интереси.
Неговиот јавен повик се однесува конкретно до лидерите на двете најголеми политички партии од власта и опозицијата, Зоран Заев и Христијан Мицкоски.
-Знам дека поголемиот број наши граѓани не размислуваат за избори. Но, избори и во време на корона се неопходни за да добиеме функционален парламент и легитимна политичка влада наместо техничка, рече Пендаровски.
За останатите лидери, според претседателот, ставот за изборите е веќе познат и како што рече, сите останати се изборите да се одржат на. Сите останати, рече тој, се за избори да бидат организирани на 5 или на 19 јули.