Пехчево има дури 27 активни случаи на коронавирус
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 12 Септември, 2020
Пехчево со едвај 3.000 жители има дури 27 активни случаи на коронавирус.
Ова е според податоците кои ги објави денеска Министерството за здравство.
Виница има 31, а Берово 33 активни случаи.
Во Делчево има активни 82 (27 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица).
Кочани има 50, а Радовиш 11 активни случаи.
Вообичаено Скопје и Куманово имаат најмногу активни случаи.