12 Мај, 2024
0.0286

Павлопулос: Македонија да ја почитува грчката историја ако сака да стане дел од ЕУ

Објавено во: Македонија, Балкан 11 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Македонија да ја почитува грчката историја ако сака да стане дел од Европската Унија, побара грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос. 

Во говор на 11-та Балканска конференција на началници на Генералштабови од државите од Балканот, Павлопулос изјави дека Грција ја поддржува европската перспектива на државите од Балканот. Тој смета дека нивното место е во ЕУ, но за да станат дел од Унијата, тие мора да почитуваат одредени услови.

„Грција ја посакува европската перспектива на балканските држави. Но, за да се заврши оваа европска перспектива со интеграција во Европската Унија, има одредени услови, кои не ги поставува еднострано Грција, туку ЕУ и европското право. Услов е почитување на историјата и на историската вистина. Оваа почит е услов за мирен соживот. Услов е и искреното почитување на меѓународното право во целост и на основните принципи на европското право“ – изјави Павлопулос.

Тој вели дека е потребна соработка на сите присутни држави за да се обезбеди мирот и стабилноста на регионот и тој да се заштити од различни предизвици и закани. Грција смета Павлопулос дека пружа пријателска рака и добрососедство кон сите балкански држави.

Ова не е прв пат грчкиот претседател да упати вакви пораки кон Македонија. 

Тој лани изјави дека Македонија е грчка и дека инсистирање за името е иредентизам. 

Можеби ќе ве интересира

ДЕНЕС ГО ПРЕЗЕМА ПРЕТСЕДАТЕЛСКО „СТОЛЧЕ“ : Сиљановска Давкова ја има задачата да им даде доверба на победниците на парламентарните избори

ДЕНЕС ГО ПРЕЗЕМА ПРЕТСЕДАТЕЛСКО „СТОЛЧЕ“ : Сиљановска Давкова ја има задачата да им даде доверба на победниците на парламентарните избори

„ШО БИ РЕКОЛ ТАЧЕ: КОМУНИСТИЧКА РАБОТА, ЗАОСТАНАТА“ - Апасиев со посебна посвета на поранешниот премиер

„ШО БИ РЕКОЛ ТАЧЕ: КОМУНИСТИЧКА РАБОТА, ЗАОСТАНАТА“ - Апасиев со посебна посвета на поранешниот премиер

ОД СРЕДИНАТА НА СЛЕДНАТА СЕДМИЦА ДОАЃА ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА: Се очекуваат температури и до 35 степени

ОД СРЕДИНАТА НА СЛЕДНАТА СЕДМИЦА ДОАЃА ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА: Се очекуваат температури и до 35 степени

„ЗА КРИМИНАЛНИ ДОГОВОРИ И ЗДЕЛКИ СЕ РАЗГОВАРА ТАЈНО“: професорката Најчевска распали по средбата меѓу ВМРО и Вреди

„ЗА КРИМИНАЛНИ ДОГОВОРИ И ЗДЕЛКИ СЕ РАЗГОВАРА ТАЈНО“: професорката Најчевска распали по средбата меѓу ВМРО и Вреди

Му влегол со оружје во кола кај МАНУ и му барал пари

Му влегол со оружје во кола кај МАНУ и му барал пари

Деспотовски не возвраќа на коментарите на Мицкоски: Резултатите зборуваат за мене

Ѓорѓи Спасов: Не смееше да има зголемување плати и проблеми со замена на документите

Ѓорѓи Спасов: Не смееше да има зголемување плати и проблеми со замена на документите

Али Ахмети: ВЛЕН да се држи до заедничкиот договор

Али Ахмети: ВЛЕН да се држи до заедничкиот договор