17 Мај, 2024
0.0817

Партиски препукувања и нов оглас за студентско сместување

Објавено во: Мои пари 30 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Објавен е новиот конкурс за сместување на студентите во студентските домови бидејќи слободни останале 3106 кревети, Како што информираше министерството за образование, речиси половина од студентите кои поднеле барање за кревет во државен студентски дом, биле одбиени поради доставување лажни податоци. Место има во десет домови, а студентите ќе се пријавуваат до 6 септември.  Примени во државните домови се 2.147 студенти, покажаа резултатите синоќа објавени на веб сајтот на министерството кој се блокираше поради големиот број посети. Според министерот Спиро Ристовски, одбиени се тие што не ги исполнувале условите, немале целосна документација или имале лажни податоци за финансиската состојба на семејството што било проверено преку  Управата за јавни приходи. „ Во законски утврдениот рок 4.799 студенти аплицирале електронски. Од нив 3.740 имаат приложено документи, при што Комисијата утврди дека речиси 43 проценти од апликациите се со неточни податоци, односно не се идентични со податоците во доставената документација“, изјави Ристовски кој уште еднаш повтори дека ќе има засилени контроли за тоа кој ќе земе кревет во студентските домови и драконски казни за раководителите кои нема да ги почитуваат законите, високи и до 15 илјади евра. Партиско-младински препукувања Проблемите со студентското сместување на почетокот на оваа академска година ги скараа партиски подмладоци. Од социјал-демократската младина побараа власта да го реши хаосот во домовите. Според нив за прв пат не е објавена прелиминарна листа по кои критериуми се примени идните станари во домовите.
„Повторно на сцена се злоупотреби со сместувањето во студентските домови“, реагира претседателот на СДММ, Дарко Давитковски, според кого, наместо студенти со висок просек и ниски примања во семејството, се примаат студенти кои се партиски активисти  или пак лица вработени во администрацијата. Затоа побара тој да се направи транспарентен прием на студенти.
Од подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ пак остро преку соопштение реагираа за ваквите обвинувања. „СДММ можеби треба да даде одговор дали е поправично лице кое што доаѓа од семејство со годишен приход од 1,4 милиони денари, да биде сместено пред лице чие семејство користи социјална помош? Ако оваа практика тие ја применувале, повеќе нема да може да се толерира!Ако веќе СДММ сака да говори за студентскиот стандард треба да каже какви беа условите за сместување во студентските домови во нивно време, колку нови легла обезбедија и колку средства се одвојуваа за студентски стипендии“, соопштуваат од УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак